Металург ги “запали моторите“

29.07.2019 21:16
DAR_9297_resize

Металург вечерва го одржа својот прв тренинг.

Во обновен состав, кој е комбинација на искусни ракометари и талентирани млади играчи, и со нов тренер, Металург го објави почетокот на подготовките за новата сезона.

На првиот собир се појавија сите расположливи ракометари, а недостасуваа само кадетските репрезентативци кои се на подготовки во Маврово и Грузиецот Иракли Кбилашвили кој, поради проблем со виза, ќе се приклучи за неколку дена.

Како што е веќе познато, Металург го напуштија Томовски (Лудвигсхафен), Даниловски (Охрид), Маџовски (Е.Работник), Димитриоски (Вардар), Шпенде (Загреб), Пучник (Еш), Токиќ (Ајзенах), Миличевиќ (Марибор) и Велковски (Е.Работник), но, затоа пак, дојдоа Лука Вујовиќ (Ловќен), Милан Поповиќ (Пелистер), Реваз Чантурија (Струга), Маријан Мариќ (Зрински), Даниел Ѓорѓески (Пелистер), Иракли Кбилашвили (Одеса) и Дејан Пецаковски (Е.Работник).

Во наредните неколку дена Металург ќе тренира во Автокоманда.

Прочитано 276 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 9