Металург ги запали моторите

03.08.2016 22:18
AND_9168_resize

Металург денеска во 18 часот ги почна подготовките за новата сезона.

На денешниот прв тренинг се појавија сите шест нови ракометари, а тоа се голманот Дарко Арсиќ, левото крило од Хрватска, Мартин Марчец, централниот бек Немања Обрадовиќ, како и нашите Дарко Димитриевски, Стефан Дрогришки и Горан Печенковски. Исто така, Лино Червар кон првиот тим приклучи и неколку младинци од Металург 2, додека отсутни беа младинските репрезентативци кои се на ЕП во Данска.

Според предвидената програма, Металург до 10 август ќе тренира во салата Автокоманда, а потоа заминува во Маврово, каде ќе остане од 10 до 16 август, за да од 17 до 20 август настапи на тур­ни­рот во Стру­га. Подготовките ќе завршат со учество на турнирот во Кањижа во период од 26 до 29  август.

Прочитано 997 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 1