Топ Вести

Meталург го надигра и Пелистер

25.05.2018 21:47
33509553_386709928496850_549237454285045760_o_resize

Во претпоследното коло на првенството на Македонија, Металург го надигра тимот на Пелистер во Битола, победувајќи го со резултат 34:28 (17:16). Металург во Битола дојде растоварен, откако сите вицешампионски дилеми ги реши во претходното коло, на средбата со вториот битолски претставник Еурофарм Работник.

Почетокот на средбата мина во знакот на домашниот тим, кој прв дојде до предност поголема од еден гол, 3:1 и 4:2. Сепак доминацијата на Пелистер беше краткотрајна, бидејќи Металург набрзо ги сплоти своите редови и веднаш направи резултатски пресврт, поведувајќи со 6:10. Кога тоа најмалку се очекуваше, Пелистер за само неколку минути се врати во игра со своја серија од 4:0, за израмнети 10:10. Првото полувреме го добивме со минимални 16:17.

Израмнето се играше и на почетокот на вториот дел, се до резултат 20:20, а потоа следеше период во кој Металург направи серија од цели 6:0 и конечно го скрши отпорот на битолчаните. Оваа разлика остана до самиот крај на средбата.

Кузмановски и Јагањац и на оваа средба беа нашите најдобри стрелци, првиот со 11, а вториот со 8 постигнати голови.

До крајот на сезоната Металург има уште само еден натпревар, оној против Вардар, кој ќе се игра во Автокоманда.

Пелистер, пак, е во незавидна ситуација, бидејќи за излез во Европа во последното коло му треба гостинска победа против екипата на Охрид, но и пораз на Тинекс Пролет против Еурофарм Работник.

.

РК Пелистер – РК Металург  28:34 (16:17)

Сала: „Младост“ во Битола.   Гледачи: 800.

РК Пелистер: Рајичиќ, Јовановски, Брауновиќ, Петров 2, Јагуриновски 5, Рајатовски 1, Чантурија 3, Димитровски 5, Апостоловски 1, Орјоникидзе 6, Митревски 1, Ивановски 1, Митиќ 2, Тодоровски, Везенковски 1.    Седмерци: 0. Исклучувања: 10 мин.

РК Металург: Томовски, Даниловски, Маџовски 1, Јагањац 8, Димитриоски, Токиќ 2, Шилегов 3, Танкоски, Серафимов 1, Кузмановски 11, Илиќ, Велковски 2, Пешевски 4, Матијашиќ, Лазаревски 1, Арсеновски 1.   Седмерци: 3/3.  Исклучувања: 4 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

 

Прочитано 107 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 4