Металург го надигра и тимот на Тинекс Пролет

18.05.2019 18:06
_DSC0058_resize

Металург на крајот од сезоната влезе во зенитот на својата форма и денеска многу полесно од очекуваното го надигра тимот на Тинекс Пролет. Нашите ракометари одиграа одличен натпревар и го совладаа својот противник со огромни +14, 41:27 (20:12).

Денешната средба мина целосно во доминација на нашиот тим, кој водеше во текот на сите 60 минути и во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се надева на било што друго сем на висок пораз.

Всушност, мечот имаше рамноправен тек само во првите неколку минути, кога Пролет успеваше да го израмни резултатот, а потоа Металург го засили темпото и разликата брзо порасна до +5, 15:10. Првото полувреме заврши со високи +8, 20:12.

Одличната претстава на Металург продолжи и во вториот дел. Нашите ракометари играа подеднакво добро и во нападот и во одбраната, па по само неколку минути разликата стана двоцифрена, 25:15. Откако ја осигураа победата кај нашите ракометари дојде до мал пад во играта, па кон средината на вториот дел противникот намали на само 6 голови разлика, 27:21. Но тоа траеше многу кратко. Металург повторно заигра офанзивно и до крајот на натпреварот дојде и до максималните +14, 41:27.

Металург го осигура третото место и до крајот на првенството има да одигра уште само две средби, на гости кај екипата на Бутел и дома против тимот на Вардар.

.

РК Металург – РК Тинекс Пролет  41:27 (20:12)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 300.

РК Металург: Дупјачанец 1, Томовски, Даниловски 1, Јагуриновски 5, Лазаревски, Димитриоски 3, Токиќ 5, Танкоски 3, Серафимов 5, Младеновиќ 4, Шпенде 7, Пучник 1, Миличевиќ, Маџовски, Матијашиќ 3 и Арсеновски 3.   Седмерци: 3/3. Исклучувања: 8 мин.

РК Тинекс Пролет: Кимевски, Коруновски, Кристо, Василевски 4, Аларов, Јовчевски 1, Давитковски 2, Манев 1, Ролевски, Трајковски 1, Андоновски 9, Даев 1, Мајнов 3, Дамчевски 3, Стојановски, Манасков 2.   Седмерци: 5/7.  Исклучувања: 8 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 160 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =