Металург го надигра и Замет

09.03.2016 21:00
4_resize

Металург ја одржа и третата победа на подготовките во Пореч.

Откако во првиот натпревар ја победивме екипата на Изола, со резултат 35:23 (18:12), вчера го совладавме и тимот на Пореч, со 19:14 (10:7). Оваа средба беше од затворен тип, се играше 2х20 минути и не се водеа стрелците.

Денеска, пак, ја совладавме второпласираната екипа во тековното хрватско првенство, РК Замет, со 25:22 (15:13).

Металург беше подобриот тим во текот на поголемиот дел од средбата. Ако во првото полувреме и двете екипи имаа свои периоди на игра и свои водства, целото второ полувреме помина во знакот на Металург, кој постојано ја имаше контролата врз резултатот. Нашето највисоко водство изнесуваше шест гола, 21:15.

Мора да се истакне, дека во делови од натпреварот Лино Червар на терен вадеше постава составена исклучиво од нашите кадетски и младински репрезентативци, кои достојно ги бранеа боите на својот клуб.

РК Замет – РК Металург 22:25 (13:15)

РК Металург: Дупјачанец, Томовски, А.Пешевски, Петров, Маџовски, Костески, Матиќ 2, Бувиниќ 5, Матијашиќ, Кузмановски 3, Јагуриновски, Кукооски, Крстевски 2, Талески 2, Велковски 1, Ж.Пешевски 5, Палевски, Шаин 5 и Арсеновски

Фото:

Прочитано 996 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 2