Металург го надигра Јуниор и обезбеди утрешно финале

19.04.2019 22:17
_DSC0050_resize

Во Автокоманда денеска се одиграа осмина-финалните натпревари од втората група во Купот на Македонија. Металург за противник ја имаше екипата на Јуниор Кисела Вода, која очекувано ја совлада со убедливи 39:21 (16:12).

Во првото полувреме, кое Металург го одигра со комбиниран состав, долго се водеше рамноправна борба, без резултатска превласт на некој од тимовите. Металург прв направи исчекор и поведе со комотни 12:8. Иако Јуниор се обиде да се врати во игра, оваа разлика остана до крајот на првиот дел, кој заврши со резултат  16:12.

Се се измени во второто полувреме, кое Металург го одигра со својот најсилен состав. Разликата во квалитетот брзо даде резултат и веќе во 40. минута имавме двоцифрена предност, 24:14. До крајот на средбата целосно го разбивме противникот и натпреварот го завршивме со позитивна разлика од цели 18 гола.

Интересно, еден од подобрите стрелци во нашиот тим беше нашиот голман Мартин Томовски, кој постигна дури три гола, два од гол на гол и еден од линијата за седум метри, што исто така е реткост во ракометот.

Утре, со почеток во 18 часот, се игра финалето на нашата група, а наш противник ќе биде екипата на Тинекс Пролет, која денеска беше убедлива на средбата со Радовиш и го совлада својот противник со резултат 39:16 (16:7).

.

РК Металург – РК Јуниор Кисела Вода  39:21 (16:12)

РК Металург: Томовски 3, Даниловски, Танкоски, Јагуриновски 4, Лазаревски 2, Димитриоски 3, Токиќ 6, Шилегов 7, Шпенд 3, Пучник 1, Миличевиќ 5, Маџовски 1, Стојановиќ 2, Матијашиќ 2 и Арсеновски.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 10 минути.

РК Јуниор Кисела Вода: Богдановски, Бикоски, Атанасовски, Гичев 7, Крстевски 1, Шапов, Јаховиќ 2, Затаракоски, Маркудов 5, Трајковски 1, Тодоров, Колоски 2, Трајчевски 1 и Гроздановски 2.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 448 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 6