Металург го надигра Тиквеш, за трета победа во низа

15.09.2020 22:04
DAR_7666_resize

Металург вечерва го одигра својот трет натпревар во новата сезона на македонската Суперлига и стигна до третата победа во низа. Денеска убедливо го совладавме тимот на Тиквеш, во натпревар од шестото коло. Оваа средба по распоред требаше да се игра на 28 септември, но поради обврските на Металург во Лига Европа се одигра денес.

Металург постигна убедлива победа, со резултат 36:24 (21:13).

Вечерва Металург го одигра својот најдобар натпревар во досегашниот тек на првенството, иако против себе го имаше сосема солидниот Тиквеш. Во нашата игра подеднакво добро функционираа и нападот и одбраната, па тренерот Кастратовиќ веројатно е задоволен од денешното издание на своите ракометари.

Металург рано, уште во 8. минута стигна до предност од три гола, која до крајот на првиот дел се искаќи и на +8, 21:13.

Во 33. минута прв пат стигнавме до двоцифрена предност, 23:13, а максималната разлика ја имавме при резултат 29:16.

Во третото коло, кое се игра в петок, Металург е слободен.

.

Металург – Тиквеш  36:24 (21:13)

Металург: Дупјачанец (7 одбрани), Ѓорѓески (10 одбрани), Кондев 4, Петковски 1, Кофилоски 3, Шилегов 9, Хорват 2, Мариќ 2, Лазаревски, Младеновиќ 1, Тодески 3, Митиќ 1, Рниќ 4, Додиќ 4, Потиќ 2 и Маркоски.     Седмерци: 3/5.      Исклучувања: 0 минути.

Тиквеш: Мицев, Медиќ 4, Ристовски 1, Лазов 3, Димитриев, Велков, Петров, Димитров, Ѓоргиевски 2, Гошевски 3, Окардов 1, Колоски 5 и Јанчев 5.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски.

Делегат: Ацо Николовски.

Прочитано 322 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 11