Металург го надигра Тинекс Пролет

09.05.2018 20:29
AND_5307_resize

Во 6. коло од плејоф-фазата на првенството на Македонија, Металург гостуваше кај екипата на Тинекс Пролет.

Средбата мина во целосна доминација на Металург, кој имаше резултатска предност во текот на сите 60 минути од натпреварот. Во првото полувреме Тинекс Пролет пружи солиден отпор и не дозволи предноста на Металург да ја мине границата од пет гола. Во овој период посебно се истакна нашиот голман Мартин Томовски, кој одбрани низа удари на домашните ракометари, а средбата ја заврши со одлични 16 одбрани. Првото полувреме го финиширавме со предност од четири гола, 13:17.

Тинекс Пролет се држеше и во текот на првите десетина минути од вториот дел, но потоа Металург осетно го засили темпото, искористи и неколку грешки на противничките ракометари, па набрзо разликата порасна до денеска максималните 12 гола. Тинекс Пролет вложи многу напор и за кратко ја намали нашата предност до седум гола, но тоа беше се. Металург повторно го засили нападот и средбата ја заврши со максималните 12 гола позитива.

Најдобар стрелец во нашиот тим беше капитенот Филип Кузмановски, со 11 постигнати гола, а одлично се снајде и младиот Димитар Димитриоски, кој секогаш добро ја користи минутажата што му се дава во тимот и кој денеска постигна седум гола.

По шест одиграни кола, Металург има четири победи и еден пораз, а една средба заврши со нерешен резултат.

.

РК Тинекс Пролет – РК Металург  26:38 (13:17)

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје.

Гледачи: 200.

РК Тинекс Пролет: Кимевски (5 одб., 2 сед.), Коруновски (2 одб., 1 сед.), Ф. Василевски 2, Аларов 2, Јовчевски, Давитковски, Мајнов 3, А. Василевски, Ролевски, Гроздановски, Трајковски 4, Андоновски 7, Џонов 2, Дамчевски, Стојановски, Манасков 6.   Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 6 мин.

РК Металург: Томовски (16 одб.), Даниловски (1 сед.), Маџовски 1, Јагањац 4, Димитриоски 7, Токиќ 6, Шилегов 1, Серафимов, Кузмановски 11, Илиќ, Велковски 4, Пешевски 1, Гуглета, Матијашиќ, Лазаревски 2, Арсеновски 1.   Седмерци: 1/4.   Исклучувања: 6  мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 397 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 9 =