Топ Вести

МЕТАЛУРГ ГО ОДБРАНИ ПЕХАРОТ ВО СТРУГА

17.08.2014 00:22
DSC_5181_resize

za-tekst1

Металург по третпат едноподруго триумфираше на Меѓународниот турнир во Струга, откако вечерва надмоќно славеше над екипета на Вардар, со убедливи 25:19 (12:8).

При тоа, Металург на комплетниот Вардар му се спротистави со половина од својот реален состав, бидејки одигра без Станиќ, Мојсовски, Миркуловски и Димовски, а релативно мала минутажа имаа Вугринец, Атман, Манасков и Георгиевски.

Металург уште еднаш покажа дека во моментот е најсилната македонска екипа, а најдобри поединци беа Вугринец, Циндриќ, Борозан и Коциќ, кој одбрани неверојатни пет седмерци.

Mеталург – Вардар  25:19 (12:8)

Металург: Коциќ (9 одбрани + 5 седмерци), Митревски (1 одбрана), Ојлески, Липовина 4, Вугринец 7, Георгиевски 1, Манасков, В.Маркоски, Н.Маркоски, Атман 1, Циндриќ 6, Кукоски, Јоновски, Борозан 4, Пешевски 1 и Џукиќ 1.    Седмерци: 4/4.      Исклучувања: 12 минути.       Црвен картон: В.Маркоски.

МВП на натпреварот: Вуко Борозан.

Прочитано 3.172 пати

(6) Коментари

  1. cestiti!!!
    cervar znae da izbere talent i mladost, i da im se sprotivstavi na site pa i na drim timovi.ocekuvame mnogu vo liga na sampioni od vas ovaa godina, final 4 sekako!

  2. Bravo za Metalurg. Go izrezilivte Gorno Konjari so vtorata postava. Bravo za mladite deca. Borozan. Lipovina, Cindric, Djukic i site ostanati se idninata ne samo na Metalurg tuku i na evropskiot rakomet.

  3. Браво дечки. Одвај го чекам стартот на Лигата на шампиони:)

  4. So vakva mladost i iskustvo realno e da se ocekuva ovaa sezona fajnlfor vo LS, golemo BRAVO za METALURG

  5. B R A V O za site igraci od timot na M E T A L U R G i stari i novi ,samo taka napred im odrzavte lekcija na site tamu posebno na Vardarci…..pozz So novi pobedi vo novata sezona… SAMO EDEN E METALURG

  6. Честитки за одличната игра, навистина уживавме во Струга на финалето. Металург уште еднаш покажаа дека се најдобри! Секоја чест на целиот тим, особено на Лука Циндриќ – буквално изгина на терен! Каква борбеност и храброст! Браво, браво, браво!

Напишете коментар


− 6 = 1