Металург го освои третото место на меѓународниот детски турнир одржан во Автокоманда

15.08.2018 12:42
_DSC0003_resize

Во мечот за третото место на меѓународниот детски турнир, што вчера и денеска се одржа во Автокоманда, Металург ја совлада екипата на Илинден, со резултат 24:18 (13:7).

Металург одигра одлично прво полувреме во кое резултатски рано се одвои, па стекнатата предност ја сочува до крајот на средбата. Првиот дел го добивме со убедливи 13:7.

Во вториот дел се водеше комплетно рамноправна борба. металург очигледно беше задоволен од стекнатото во првото полувреме, а нашиот противник немаше сили за посериозен пресврт.

.

РК Металург – РК Илинден  24:18 (13:7)

РК Металург: Брестовац, Таневски, Стојановски 1, Петковски 4, Тотиќ 3, Петровиќ 1, Димковски, Тасески 1, Гилев 5, Јазаџиевски 1, Ангеловски 1, Субашевски 4, Николовски, Василевски, Грујевски, Дамовски 3 и Апостолидис.   Седмерци: 4/5.    Исклучувања: 6 минути.

РК Илинден: Бошковски, Јовевски, Кочијев, Миланов, К.Трајковски, Д.Трајковски 6, Симјановски, Јорданов 5, Михајловиќ, Марковски, Георгиевски, Цаневски, Стојановски 1, Зарковски 2, Цветковски 3 и Спасовски 1.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Фото:

Прочитано 272 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 0