МЕТАЛУРГ ГО ПОБЕДИ ПЕЛИСТЕР И СЕ ПЛАСИРА НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

12.05.2014 19:08
MJI_4534_resize

za tekst

Денеска во “Автокоманда“ се одигра заостанатиот куп-натпревар во кој Металург го совлада тимот на Пелистер 08 и се пласира на финалниот турнир, кој следниот викенд ќе се одржи во Охрид.

Металург победи со резултат 32:28 (16:14), во натпревар кој беше неизвесен само во воведните минути, се до резултат 5:5, во 9. минута. После тоа Металург го презеде водството, кое рутински го задржа до крајот на средбата.

Металург настапи без Вугринец, Атман, Јоновски и Станиќ.

Најдобри во нашите редови беа Борозан со 9 и Циндриќ, со 7 гола.

Финалниот турнир во Купот на Македонија ќе се одигра на 17 и 18 мај, во Охрид.

Металург – Пелистер 08  32:28 (16:14)

Металург: Мијатовиќ, Митревски, Ојлески 2, Димовски, Пецаковски, Георгиевски 1, Манасков 4, Миркуловски 3, В.Маркоски 1, Н.Маркоски, Мојсоски 1, Циндриќ 9, Кеџо 4, Пешевски, Борозан 7 и Мандиќ.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 4 минути.

Пелистер 08: Куиагва, Талевски 3, Јанев 2, Дрогришки, Блажевски, Димитровски 1, Јуравлиев 3, Илчевски 4, Вешовски 4, Филиќ 1, Георгиевски 5, Кузмановски, Вакарук, Чурлевски 1, Божиновски и Бесараб 4.    Седмерци: 0/2   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Металари Исмаил од Скопје.

Делегат: Петров Благој од Велес.

Прочитано 4.119 пати

(3) Коментари

  1. A koj ke bide protivnik vo sabota ?

  2. moze li link za natprevart so pelister da gi izgledame

Напишете коментар


9 − = 8