Топ Вести

МЕТАЛУРГ ГО ПОБЕДИ ПРИЛЕП ВО ПРИЛЕП

08.04.2015 22:15
GIL_3076_resize_resize

za tekst

Вечерва во Прилеп се одигра средба од второто коло од плејоф-фазата, во која екипата на Прилеп го дочека актуелниот шампион на Македонија. Металург извојува рутинска победа, со резултат 24:18 (12:10).

Нашите ракометари одлично го почнаа натпреварот. Со головите на Ојлески, Војводиќ, Бувиниќ и Раде Стојановиќ (2), поведовме со 5:0, а на Прилеп му требаа цели 11 минути за својот прв гол, кој го постигна Бозароски. Прилеп постепено се врати во игра и при крајот на полувремето успеа да ја намали разликата, најпрво на три гола, 7:4, а потоа и на два гола, 11:9. На одмор екипите заминаа при резултат 12:10.

Најблиску до нашиот резултат прилепчани беа во 32. минута, кога Цветкоски намали на 12:11, но Металург набрзо создаде нова разлика, која во 49. минута изнесуваше +5 гола, 20:15. Најголемата предност на Металург изнесуваше седум гола, првпат постигната во 56. минута, 22:15. Крајниот резултат од овој натпревар е 24:18.

Посебен допринос имаа и повеќе од сто членови на нашата навивачка група “Пирати“, кои допатуваа во Прилеп за да го бодрат шампионот. Песната на Металург ечеше во салата.

Прилеп – Металург 18:24 (10:12)

Прилеп: Михајлески, Димитровски 1, Митревски 1, Ѓоргиески 1, Петкоски 3, Цветкоски 3, Мојсоски 2, Спасески 1, Петрески, Бозароски 5, Ангеловски 1, Шокоски, Трајкоски, Божиновски, Талевски и Јанески.     Седмерци: 3/6.      Исклучувања: 4 минути.

Металург: Митревски, Ефендиќ, Голубовиќ, Ојлески 2, Бој.Маџовски, Костески, Манасков, Бувиниќ 3, Кукоски, Борј.Маџовски, Талески 2, Војводиќ 3, Пешевски 2, Џукиќ 5, Вргоч и Стојановиќ 7.     Седмерци: 2/2.      Исклучувања: 10 минути.      Црвен картон: Милорад Кукоски во 56 минута (3х2 минути).

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Начевски Марјан од Скопје.

Прочитано 2.636 пати

(2) Коментари

  1. Каде е Нелоски? Уште е повреден? На натпреварот со Зомимак и е многу потребен на екипата. Ќе игра ли барем тогаш?

Напишете коментар


+ 6 = 8