Металург го разреши Оливер Димитриоски

05.03.2021 21:02
MJI_2057_resize

Металург забележа пораз во првото коло на плејоф-фазата во македонската Суперлига. Подобри од нас денеска беа ракометарите на Пролет.

Ваквиот резултат стана причина веднаш по натпреварот да биде разрешен нашиот тренер Оливер Димитриоски.

Поради слабото и безидејно издание на нашиот тим во неколку последователни натпревари и слабите резултати, Управата на клубот му се заблагодари на соработката на тренерот Оливер Димитриоски. Во следните неколку дена ќе се донесе одлука кој ќе го води тимот во плејоф-натпреварите на македонската Суперлига“, стои во решението на нашата управа.

 

Прочитано 897 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 7