Металург го совлада Бутел и повторно е водечки во националното првенство

27.09.2019 22:18
DAR_3317_resize

Во дербито на четвртото коло на македонската Суперлига, Металург го совлада тимот на Бутел и го смени на врвот на првенствената табела. Победивме минимално, со резултат 26:25 (15:11), но сосема заслужено, бидејќи водевме во текот на сите 60 минути од оваа средба. Всушност, со неколку грешки во последните минути, сами дојдовме во ситуација сигурното водство да го претвориме во драматична завршница, во која противникот имаше и напад за израмнување на резултатот.

Ова беше и прв натпревар, по заминувањето на тренерот Дамир Стојановиќ, во кој улогата на тренер ја доби Петар Мисовски.

Металург релативно рано се здоби со убедлива предностд 5 гола, 10:5, и се до крајот на првото полувреме ја одржуваше стекнатата разлика. Првиот дел заврши со резултат 15:11.

Предноста од 3 до 5 гола ја одржувавме во најголемиот дел од второто полувреме. Противникот притискаше, но не успеваше драматично да го смени резултатот. Но, така беше се до десетина минути до крајот на средбата. Неколку наши нереализирани напади и неколку грешки на нашата одбрана доведоа до тоа разликата да се намали на само два гола. На 100 секунди до крајот, Металург водеше со резултат 26:24. Потоа беше досуден седмерец за Бутел, а црвен картон доби нашиот Пецаковски. Мојсовски намали на 26:25, а при нашиот последен напад добивме шанса да ја потврдиме победата, по досудениот седмерец во наша полза. За жал, Шилегов шутираше над голот на противникот, па Бутел доби 20 секунди за израмнување на резултатот. Златко Мојсовски упати удар од тежок агол и го промаши голот. Металург заслужено дојде до победата и трите нови бода.

.

РК Металург – Бутел Скопје  26:25 (15:11)

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев, Јагуриновски 8, Поповиќ 2, Пецаковски, Шилегов 5, Танкоски 4, Мариќ 1, Серафимов 1, Лазаревски 3, Младеновиќ, Чантурија, Кбалашвили 1, Додиќ и Арсеновски 1.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 14 мин.   Црвен картон: Пецаковски во 59. минута.

Бутел Скопје: Даскалоски, Блажески, Димов, Младеновски 3, Стојановски, Ѓеоргиевски 4, Божиновски 1, Шокоски, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски 7, Милошевски 2, Печенковски 2, Василевски 3, Мајиќ 1.    Седмерци: 7/9.   Исклучувања: 14 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Прочитано 401 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 1