Металург го совлада и тимот на Тинекс Пролет

16.02.2019 16:24
_DSC0072_resize

Во обид да ја сочува формата и да ја пополни големата празнина во календарот на СЕХА-лигата, Металург одигра две пријателски средби. Пред неколку дена го совладавме тимот на Бутел, а денеска бевме подобри и од екипата на Тинекс Пролет, која ја победивме со убедливи 28:19 (10:9).

Иако победата е доста убедлива, Данило Брестовац и денеска не беше сосема задоволен од изданието на своите ракометари. Металург повторно ги покажа истите слабости, особено во првото полувреме. Повторно имавме пребрзо завршени акции, шутеви од неизградени позиции, технички грешки и повеќеминутни периоди без постигнат гол.

Сето тоа резултираше со многу израмнета борба во првото поувреме, во кое Металург постојано водеше, но никогаш со повеќе од два гола разлика. При крајот на првиот дел имавме период од седум минути без постигнат гол, што Тинекс Пролет го искористи и го забележа своето единствено водство на денешната средба, 8:9. Сепак, првиот дел го доби Металург, со минимални 10:9.

Вториот дел промени доста работи. Металург конечно заигра поамбициозно и конечно почна да ги реализира своите изгледни шанси, а проработи и нашата контра. Ова полувреме го добивме со резултат 18:10, за конечни 28:19.

Едно полувреме од денешниот натпревар одигра и нашето најново засилување – Тео Чориќ. Александар Шпенде, пак, ја пропушти и оваа средба.

.

Металург – Тинекс Пролет  28:19 (10:9)

Металург: Томовски, Дупјачанец, Даниловски, Танкоски 1, Јагуриновски 2, Шилегов 7, Стојановиќ 1, Маџовски 5, Серафимов 2, Младеновиќ 1, Димитриоски 6, Пучник, Миличевиќ, Лазаревски, Токиќ 1, Арсеновски 2 и Матијашиќ.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања. 4 минути.

Прочитано 332 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =