Топ Вести

Металург го загуби дерби-натпреварот со Еурофарм Работник

04.04.2019 21:25
MJI_7801_resize

Во една од најважните средби во тековната сезона, Металург е убедливо поразен од екипата на Еурофарм Работник. По неколку години, забележавме пораз од македонска екипа која не е Вардар. За жал, загубивме против директниот конкурент за второто место, со што битолскиот тим дојде до пол-позиција. На нашите млади ракометари им преостанува во наредниот период да се надминат себе си и да се обидат да ја спасат сезоната.

Денешната средба ја доби екипата која влезе мотивирана и со поголема желба за победа. По првите минути на израмнета борба, во кои екипите се менуваа во водството, токму битолчаните направија исчекор и, со серија од 3:0, дојдоа до опипливо водство од 8:11. Од тој момент, па се до крајот на средбата, предноста беше во посед на нашиот противник. Првото полувреме заврши со резултат 12:13.

За жал, одигравме катастрофално второ полувреме, со многу грешки во одбраната и во нападот. На половина од второто полувреме веќе бевме во негатива од 5 гола, кои се обидовме да ги анулираме со стихијни и брзоплети напади. Наместо да се бориме за секој гол и да дојдеме до резултат кој би ни дал надеж во реваншот, му дозволивме на противникот да финишира со серија од 3:0 и да дојде до огромна предност од седум гола.

.

РК Металург – РК Еурофарм Работник  25:32 (12:13)

РК Металург: Томовски, Дупјачанец, Јагуриновски, Лазаревски, Димитриоски 1, Токиќ 2, Шилегов, Танкоски 7, Серафимов 5, Маџовски 3, Арсеновски, Стојановиќ 1, Миличевиќ 1, Шпенде 4, Пучник 1, Чориќ.   Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.

РК Еурофарм Работник: Чаневски, Трајкоски, Ојлески 3, Маркоски 4, Петровски, Пецаковски 1, Талевски, Стјепановиќ 3, Кузмановски 8, Радовиќ 1, Чаневски, Кукоски, Остроушко 3, Бардакоски, Граџан 1, Ѓукиќ 7, Петровски 1.   Седмерци: 1/2, Исклучувања: 10 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 590 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 3 =