Металург го загуби натпреварот во Охрид

12.03.2020 00:27
g1_resize

Металург го доживеа својот прв пораз во тековната сезона на македонската Суперлига, откако во Охрид загубивме од истоимениот клуб, со резултат 22:20 (10:11).

Во натпревар без резултатско значење, меѓу две екипи кои од поодамна имаат обезбедено настап во плеј-оф, Металург на крајот на средбата ја испушти предноста што константно ја имаше во второто полувреме и го загуби натпреварот со два гола разлика.

Иако домашниот состав подобро ја почна средбата и имаше водство во првата половина од првото полувреме, Металург најде начин и заигра поконкретно во вториот дел од ова полувреме, кое на крајот го добивме со минимални 10:11.

Во поголемиот дел од второто полувреме Металург имаше контрола и врз играта и врз резултатот и во неколку наврати ја имаше својата највисока предност од три гола. Но, Охрид денеска го имаше одличниот Даниловски, кој средбата ја заврши со 16 одбрани и кој во драматичната завршница и го реши мечот. Веројатно се ќе беше поинаку, ако во последните две минути ги реализиравме двата седмерци, кои не водеа во егал резултат, но ги промашивме и двата.

Металург и по ова коло остана на врвот на табелата, со бод повеќе од второпласираниот Охрид. Во последното коло дома ќе играме со екипата на Радовиш, додека Охрид во Автокоманда ќе се сретне со екипата на Металург 2.

Прочитано 378 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 5 = 4