Металург гостува кај некогашниот европски првак

22.02.2019 11:58
MJI_3560_resize_resize

Со денешниот меч (17.30 часот, пренос на МТВ) од 17-то коло во Регионалната лига, против романскиот претставник Стеауа, ракометрите на Металург по 20-дневна пауза се враќаат во натпреварувачки ритам. Избраниците на тренерот Данило Брестовац во својот 15-ти меч сезонава во регионалното натпреварување ќе се потрудат да одиграат добар натпревар со желба да ја забележат третата победа сезонава.

Ова ќе биде уште еден натпревар во кој ќе се обидеме да надиграме далеку поискусен и поквалитетен состав од нас. Без Александер Шпенде во игра ќе биде уште потешко, но верувам и се надевам дека секој од играчите ќе го даде својот максимален придонес за што подобра и поквалитетна игра на нашиот тим“, вели Данило Брестовац.

Некогашниот европски првак Стеауа (континентален шампион во 1968 и во 1977 година), со 18 бода од шесте победи (има и 10 порази) ја има шестата позиција на табелата.

Та.Д.

Прочитано 241 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 9