МЕТАЛУРГ И ДАРКО СТАНИЌ СПОГОДБЕНО СЕ РАЗДЕЛИЈА

09.10.2014 17:34
GIL_3516_resize

za tekst

Македонскиот ракометен шампион Металург и голманот Дарко Станиќ спогодбено се договорија да ја завршат тригодишната соработка. Двете страни во конструктивна атмосфера се договорија за сите детали што се содржани во спогодбениот раскин на договорот. РК Металург му изразува голема благодарност на Дарко Станиќ за се што даде за тимот во изминатите три години и што беше учесник во убави и историски моменти за клубот. При разделбата со РК Металург, Дарко Станиќ ја даде следната изјава за нашиот сајт.

,,Поминав три прекрасни и незаборавни години во дресот на Металург. Седнавме на маса и во конструктивен дијалог со управата на клубот спогодбено го раскинавме договорот. Најискрено жалам што и јас и клубот се најдовме во оваа ситуација, но на крајот сите заедно собравме сили и го изнајдовме најдоброто решение за двете страни. На мојот досегашен клуб му посакувам многу среќа во иднина и повторување на истите резултати и успеси од трите сезони во кои и јас бев дел од овој успешен проект“.

Ракометниот клуб Металург исто така изразува длабоко жалење за прекинот на соработката со еден од најдобрите голмани во светот, Дарко Станиќ, и воедно му посакува многу среќа и успех во натамошната кариера, без оглед каде ќе ја продолжи. Без дилеми, Дарко ќе остане запаметен и запишан со златни букви во аналите на РК Металург, како дел од една блескава генерација што оствари сјајни резултати во Македонија и на европската сцена.

Прочитано 16.382 пати

(17) Коментари

  1. E posle voa moze samo da sanjame sledna faza…

  2. I vreme bese.ajde putin grabaj

  3. Ako se trgna so podmladuvanje na timot,bez razlika na ovogodinesnite rezultati pokraj Mitrevski i Kocic, mislam deka kako tret golman treba da dobie sansa Kimevski eventualno Danilovski.
    Samo uste da naglasam deka ve poddrzuvam vo proektot podmladuvanje na timot bez razlika na ovogodinesnite rezultati prodolzete kako sto ste zamislile, ke imame trpenie godina do dve , kako st kaza Cervar, a ovaa godina ke bide uspeh ako izlezeme od grupa.
    Napred Metalurg.

  4. E sad ce biti problem metalurgu i bod jedan da osvoji u Ligi sampiona. Darko je bio taj koji odbranama podigne spustene glave svim saigracima, Darko je bio taj koji je svojim odbranama dizao ceo Boris Trajkovski na noge, Darko je taj koji je drzao odlicnu atmosferu u ekipi, Darko je veliki covek,veliki golman jedan jedini . Fun Club Serbia.
    A za upravu Metalurga samo jedno : NEMOJTE DA RAZOCARATE NAS PIRATE (znamo za nedostatak para,znamo za reforme i podmladjivanje ekipe, sve znamo …) SAMO NEMOJTE VASIM POTEZIMA DA NAS RAZOCARATE SKROZ
    A MI CEMO BITI UVEK TU UZ VAS
    SAMO EDEN METALURG !!!

  5. Не знам кој е крив за ова што Станич си отиде од Металург .Беше добар голман и љубеник на навивачите но тоа е тоа сега останува да се консулидираат редовите и да се победи Загреб.ЕДЕН Е МЕТАЛУРГ

  6. Stanik imase problem so redovni treninzi , pravese kako saka i bese toleriran mnogu sto vo drug klub ne bi pominalo , site znaat za kakov tip na covek e , svetska klasa igrac ama problematicen, Kocic e dobar ,no nema iskustvo vo LS i toa e hendikep zs dobiva trema i blokada, ostanuva samo da mu trgne na Mitrevski ili najverojatno e podgotveno novo zasiluvanje , mozno e dolgoocekuvanata zelba Asanin posebno sto e tret golman vo prosecen bundesklub

  7. Metalurg bez Darko, kako slep bez stap!

  8. Е дури сега го обравме бостанот во лига на шампиони само незнам кој ќе брани коциќ да бидеме реални што не го бива не го бива, доброе тоа што подмладувате ама треба да се прави постепено а не наеднаш низ неколку натпревари да се отсранат искусните али што е тука тука е и треба да се проба да се игра машки 60 мин и да не се паѓа психолошки во последните 10мин

  9. Ubavo nasminkani izjavi na dvete strani.Normalno e da se podmladuva ekipata , ali isto taka e normalno da se pocituvaat i onie koi se na zavrsnicata od svojata karijera i koj se del od uspesite na timot. Se treba da se odviva po nekoj redosled…. Na Darko mnogu sreka i uspesi kade i da odi.

  10. Јасно е дека со буџетот со кој располага Металург неможе да ги повтори резултатите од претходните години, но Лино е мајстор на својот занает и ќе го извлече максимумот од играчите со кои располага. Тоа веројатно нема да биде доволно да ги задоволи нашите желби, но тоа ќе биде повеќе од она што би го постигнал било кој друг со истите играчи. Имајте трпение и доверба во тоа што го работи Лино Червар. Металург повторно од почеток ќе расте и ќе порасне во долгорочно многу постабилен и финансиски и резултатски.
    Поздрав до сите фанови на Металург и на македонскиот ракомет. Со нетрпение го очекувам и почетокот на проектот РК Пелистер и дај боже лека-полека и други екипи да почнат да се издигнуваат.

  11. A zosto si odi sto e pricinata ne kazuvate, vakov golman ne se naogja lesno, i kocic i mitrevski zaedno na gol da gi stavite nema ni pola topki da odbranat vo sporedba so Stanic.
    Ah bre Metalurg …

  12. Станиќ беше одличен голман, но сега Митревски е тука и тој е исто така добар голман.
    #hcm <3

  13. Штета, баш ми е криво што Станиќ си оди од Металург, мислам дека даде посебен печат и има големи заслуги за успесите на Металург. Без разлика на причините поради кои си оди, мислам дека публиката и навивачите треба достоинствено да се разделат со него и, доколку тој присуствува, натпреварот на домашен терен со Кил би бил идеална прилика за тоа. Не знам што мислат другите за ова, но редно е да му дадеме уште еден громогласен аплауз!

  14. E golmaniste stvarno, ama ne se soglasuvam deka sekogas igral so srce znaase da prai finti kako sto toj go podigna kvalitetot na klubot taka i klubot a posebno Lino go izvadija od kal Darko znae i toj samiot koj bese pred da dojde vo klubot…. Napred Metalurg nieden klub ne zgasnal poradi zaminuvanje na eden ili dvajca igraci ke najdat dostojna zamena samo napred… sekoja kriza se prebroduva

  15. golema zvezda si zaminuvaretki se lugeto vo rangot na stanic so sekoja odbrana znaese cela sala na noze da ja krene ima harizma oset za golman pred se fantasticna licnost.metalurg dolgi godini ke zali za takov covek sto ispusta.no i pokraj seto ova treba eden gromoglasen pozdrav da mu dademe na natprevarot so kiel vo skopje zasluzi da bide ispraten kako velikan

  16. BEZ STANIC I VUGRINEC NISHTO!
    ALII IDEME PONATAMUU NE SE OTKAZUVAMEEE

  17. Дали е точно дека ќе си оди и ВУГРИНЕЦ?

Напишете коментар


6 − 1 =