Металург и Металург РА од утре продолжуваат со обврските во домашното првенство

04.03.2021 19:23
DAR_3031_resize

По завршувањето на настапот на Металург во Лигата на Европа, вниманието на тимот од Автокоманда сега е насочено кон домашното првенство во кое веќе утре ќе го одиграат првиот натпревар во плејоф-фазата.

Имено, Металург, во рамките на првото плејоф коло, утре и гостува на екипата на Пролет. Овој натпревар ќе се одигра во салата “Македонско сонце“, со почеток во 18.30 часот. Судии на натпреварот ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, додека делегат ќе биде Ацо Николовски, сите од Скопје.

Овој викенд свој настап ќе има и нашата помлада екипа, Металург РА. Во рамките од второто коло на плејоф-фазата на Првата лига, в сабота Металург РА ќе одигра натпревар со екипата на МРК Куманово. Оваа средба ќе се одигра во Автокоманда, со почеток во 14 часот. Средбата ќе ја судат Горан Ангелески и Илија Цветковски, додека делегат ќе биде Рубинчо Седлоски, сите од Прилеп.

Прочитано 64 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3