Металург и Вардар утре ќе се сретнат во Автокоманда

27.05.2019 15:39
DAR_3215_resize_resize

Старите градски ривали, екипите на Металург и на Вардар, утре ќе се сретнат во Автокоманда.

Средбата е во рамките на последното коло во македонската Суперлига, а е закажана со почеток во 19 часот.

За Металург ова е последен натпревар во тековната сезона и веќе в среда ракометарите ќе бидат и официјално испратени на летен одмор. Пред Вардар, пак, се двата натпревари од фајналфорот на Лигата на шампионите, како последна обврска во сезона 2018/19.

Металург оваа сезона заврши на третото место во македонската Суперлига и следната сезона ќе се натпреварува во ЕХФ Купот. Вардар, пак, повторно е државен првак и следната сезона има загарантиран настап во Лигата на шампионите.

Како што кажавме, утрешната средба е закажана со почеток во 19 часот, а влезот е слободен за сите љубители на ракометот.

Прочитано 521 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 2 =