Металург игра се подобро, вечерва го “торпедираше“ Бутел на негов терен

30.11.2019 23:07
DAR_0433_resize_resize

По супериорното издание против Тинекс Пролет во минатото коло, вечерва видовме уште еден натпревар во кој Металург со леснотија се справи со еден од фаворитите за висок пласман. Екипата на Бутел е катастрофално поразена на нејзин терен, со резултат 16:30 (7:11).

Видовме уште еден натпревар во кој се во Металург функционираше според барањата на тренерот Кастратовиќ. Видовме фантастично издание на нашиот голман Даниел Дупјачанец, видовме како треба да функционира нашата одбрана, која Бутел го задржа на само 16 гола, а видовме и што се може да се направи нашиот напад, кој постигна 30 голови. Одигравме дисциплинирано и тимски, па разликата од 14 голови е реална и заслужена.

Неизвесно беше само на почетокот на средбата, период во кој се испитуваа силите, за потоа да тргне офанзивата на Металург, која не запре до самиот крај на средбата. Иако и во првото полувреме водевме со 6 голови разлика, овој период заврши со наша предност од 4 гола, 7:11.

Затоа, пак, во вториот дел сосема ја надигравме домашната екипа, која немаше ниту сили, ниту квалитет, посериозно да ни се спротистави. Постепено, Металург ја зголемуваше својата предност, за да стигне до максималните +14 на крајот од овој интересен натпревар.

Металург повторно се врати на чело на табелата, каде се наоѓа од самиот почеток на првенството. Во следното коло во Автокоманда ќе гостува екипата на Работнички, а Металург на таа средба е апсолутен фаворит.

.

РК Бутел Скопје – РК Металург   16:30 (7:11)

РК Бутел Скопје: Даскалоски, Блажески, Димов 1, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Божиновски, Шокоски, Димовски 2, Спасовски, Мојсоски, Милошески, Ацев, печенковски 4, Василевски и Мајиќ 3.    Седмерци: 3/3, Исклучувања: 10 мин.

РК Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев 2, Јагуриновски 1, Поповиќ 4, Шилегов 6, Танкоски 2, Мариќ 1, Серафимов 5, Лазаревски 3, Младеновиќ, Чантурија 3, Кбилашвили 1, Додиќ 2, Маркоски и Арсеновски.   Седмерци: 1/2, Исклучувања: 6 мин.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

Прочитано 339 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 6