Топ Вести

МЕТАЛУРГ ИМА СТРАШЕН ПОТЕНЦИЈАЛ

16.08.2014 02:17
EMI_7730_resize_resize

za-tekst1

“Со ваква младина за неколку години ќе конкурирате за шампионската титула во Лигата на шампионите“, предвиде Жика Богдановиќ, главниот уредник на реномираниот ракометен портал “Балкан Хандбал“, воодушевен од виденото на средбата Металург – Азоти Пулави.

И навистина, кога Лино Червар се реши да го повлече комплетниот прв тим и четириесет минути да игра со младиот дел од Металург, ретко кој очекувал дека негативата од четири гола, 9:13, ќе се претвовори во позитива од 10 гола, 32:22. А токму тоа и се случи. Џукиќ, Циндриќ, Борозан, Липовина и Манасков, потпомогнати од Митревски, Кукоски и Пешевски, буквално ја прегазија третата екипа во првенството на Полска. Видовме молненосни контри, удари од девет и повеќе метри, гранитна одбрана, и се друго, што ја краси ракометната игра. Гостите од Полска, одвај го дочекаа крајот на средбата.

На тој начин, итриот Червар избори финале на струшкиот турнир и ја сочува свежината на својот прв состав.

Финалето меѓу екипите на Металург и на Вардар се игра денес, со почеток во 21:30 часот. За третата позиција ќе се борат екипите на Азоти Пулави и на Санкт Петербург, чија средба почнува во 19:15 часот, додека Металопластика и Кретеј ќе се обидат да го избегнат последното место, во меч кој почнува во 17:30 часот.

Прочитано 4.313 пати

(4) Коментари

  1. Prenos ke ima li negde ?

  2. bravo za Manaskov, Cindrik,Borozan, dadoa svezina mladost da ne go zaboravam Pesevski so svojata xrabrost i golemina se spravi so po trojca igraci .bravo za site.

  3. Kolku ubavo cuvstvo bese vcera da se bide prisuten na igralisteto do zenska plaza. Da se vidi ovoj potencijal na razletaniot Metalurg. Najinteresen bese stariot lisec Cervar koj poveke od jasno bese deka saka da go izbegne Vardar i si rece ajde ke gi rotiram igracive i onaka e faza na voigruvanje pa neka izgubat od poiskusniot i soliden protivnik samo site igraci da se zdravi. No-se sluci toa sto ni lisecot ne mozese da go pretpostavi-Cindric,Borozan,Dzukic bukvalno gi ponizija Poljacite. Sega Cervar vleguva so golemi glavobolki vo finaleto so Vardar.Se znae ovie deca ne “razbiraat” sto e voigruvanje, bas im bese gajle sto e ova turnir vo faza na podgotovki bez rezultatski imperativ.Ovie deca nikoj ne moze da gi zapre.Ovie deca vecerva ke “ginat” ke stavaat glava kajsto nikoj ne stava ni noga. Ovie deca se cudo.A Cervar mu preostanuva samo da si pie appaurin i da se moli nikoj da ne se povredi kako i nie se razbira. Samo napred Metalurg struzani ke se za tebe

  4. Spored mene ovoj mlad tim na metalirg e mnogu posilen od starcive, nivnata brzina i sila nadovrzana so nivnata hrabrost e samo son kako treba da se igra, mnogu fali i filip talevski so nego i so uste nekoj od mladiskata reprezentacija metalurg ima idnina, mirkulovski, mojsovski, vugrinec se istroseni rakometari kako i odbranbenite isto, mnogupati povreduvani i procitani od site e nivnata igra, a se znae kako moze da se igra posle teski povredi, i da fali eden visok piker sto znae da rasturi se okolu sebe.

Напишете коментар


6 − = 4