Металург испушти победа против Извиѓач

20.09.2018 00:03
AND_0934_resize

Денешната средба со Извиѓач по многу параметри се разликуваше од претходно одиграните три натпревари во СЕХА-лигата. Откако во првите три кола одигравме со екипи кои имаа максимален учинок и се главни фаворити за освојување на лигата, денеска конечно имавме противник по мерка, бидејќи и екипата на Извиѓач стартуваше со три порази во претходните натпревари. Освен тоа, по подолго време одигравме натпревар во комплетен состав, иако формата на Велковски и Јагуриновски по паузата не е на потребното ниво. Поради сето ова, Металург имаше реална надеж дека конечно ќе стигне до првата победа и првите три бода.

По почетните неколку минути во кои се водеше израмнета борба, Металург тргна во офанзива која многу брзо ги даде своите резултати. Во 14. минута првпат имавме два гола предност, а во 17. веќе имавме и позитива од три гола. Игравме одлично и во нападот и во одбраната и се чинеше дека сме на добар пат, особено кога во 22. минута поведовме и со максимални пет гола разлика, 12:7. Кога се чинеше дека противничкиот отпор попушти и дека Металург ќе успеае да ја зголеми својата предност, се случија неколку брзоплети акции на нашите ракометари, а направените грешки ги искористи тимот на Извиѓач и, со серија од 3:0, комплетно се врати во игра. Првото полувреме заврши со резултат 14:12.

На почетокот на вториот дел се повтори сликата од претходните неколку натпревари. Лошата игра на Металург во двете насоки повторно резултираше со комплетен резултатски пресврт и во 43. минута веќе Извиѓач водеше со два гола разлика, 19:21. Ни требаа 9 минути за да го израмнеме резултатот, 24:24, а 14 минути за повторно да го преземеме водството 26:25. Во последната минута влеговме со предност од еден гол, 27:26, а на 15 секунди до крајот противникот израмни на 27:27. Металург го имаше последниот напад, но ја загуби и топката и двата можни бода, па мораше да се задоволи со само еден освоен бод – прв во тековното првенство.

Во следното коло Металург и гостува на екипата на ППД Загреб, уште еден од фаворитите за освојување на титулата.

.

Металург – Извиѓач  27:27 (14:12)

Металург: Томовски (11 одбрани), Даниловски, Јагуриновски, Јагањац 2, Лазаревски 1, Димитриоски, Токиќ 3, Шилегов 6, Танкоски 3, Серафимов 6, Велковски 1, Миличевиќ 1, Маџовски 2, Стојановиќ 1, Матијашиќ и Арсеновски 1.   Седмерци: 6/8.   Исклучувања: 4 минути.

Извиѓач: Анџелиќ, Квешиќ, Павлак 1, Миличевиќ 3, Алиловиќ 4, Бечиќ 1, Чутура 2, Вуксиќ 1, Вукиќ 2, Калуџеревиќ 4, Кордиќ 1, Шолиќ 2, Мисетиќ и Делиќ 6.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 240 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 3