Металург испушти убава можност за нови бодови во СЕХА-лигата

07.11.2018 21:28
MJI_3572_resize

Во рамките на осмото коло на СЕХА-лигата во Скопје се одигра средбата меѓу Металург и Стеауа Букурешт. Видовме крајно израмнет натпревар во кој ниту една екипа не отиде подалеку од водство со два гола разлика и во кој двата тима наизменично стекнуваа предност. На крајот, гостите имаа повеќе среќа и заминаа со сите три бода.

Стеауа допатува со само десетмина ракометари, но тоа не се одрази на теренот. Металург, пак, со мислите очигледно беше на утрешната средба со екипата на Спортинг во Лигата на шампионите и одигра со желба да заштеди сили за таа средба, која ќе биде наша трета во само четири дена, што е преголем товар за нашите млади ракометари.

Во првото полувреме Металург долго време го диктираше темпото и одржуваше предност од еден до два гола. Стеауа поведе само еднаш и тоа дури во 21. минута, кога најпрво имаше 9:10, а потоа и 9:11. Металург ја надмина моменталната криза и првото полувреме го заврши со позитива од два гола, 15:13.

За жал, оваа предност ја прокоцкавме уште на почетокот од вториот дел и веќе во 38. минута Стеауа поведе со 16:18. Следеше период кога двете екипи ги реализираа своите напади и така беше се до 55. минута кога Металург последен пат имаше минимално водство, 26:25. Последниот напад го изведе Металург и имаше половина минута за да го израмни резултатот. Но, времето помина, а нашите ракометари не дојдоа до позиција да упатат удар, па победата им припадна на гостите.

.

РК Металург – Стеауа Букурешт  28:29 (15:13)

РК Металург: Даниловски (12 одб.), Томовски, Јагуриновски 1/3, Токиќ 3/6, Шилегов 4/4, Танкоски 4/6, Младеновиќ, Шпенде 6/10, Велковски 0/2, Рибеиро 3/6, Пучник 1/5, Миличевиќ 1/5, Додиќ 0/1, Маџовски 3/5, Матијашиќ 0/1 и Арсеновски 2/2.    Седмерци: 1/2, Исклучувања: 4 мин.

Стеауа Букурешт: Станески 1/2 (19 одб.), Мерла (1 сед.), Рапчуга 2/4, Јохансон 5/7, Бечеру 0/1, Флореа 6/8, Константина 2/2, Вегар 5/8, Кеџо 3/7 и Бизау 5/10.   Седмерци: 4/4, Исклучувања: 10 мин.

Судии: Андреј Гушко и Сирхеј Репкин од Белорусија.

Делегат: Сирхеј Кот од Белорусија.

Прочитано 244 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =