Топ Вести

МЕТАЛУРГ ИЗНЕНАДЕН ВО СТРУГА

14.08.2014 10:50
Untitled-3-Recovered

za tekst

Ракометарите на Металург се поразени во првото коло на 42. Меѓународен турнир во Струга од екипата на Кретеј (Франција), со резултат 21:24 (11:11). Ова е прв пораз на Металург во последните три години на турнирите во Струга.

Иако во натпреварот влеговме како фаворити и бранители на трофејот, веќе по десетина минути се виде дека ќе имаме проблем со одличната екипа на Кретеј, повратник во елитната француска лига. Французите одржуваа минимално, но постојано водство, а натпреварот го решија во последните десетина минути, кога создадоа недостижна предност од четири гола.

Металург се уште е во фаза на воигрување на својот состав и поразот, иако непријатен, не значи апсолутно ништо. Тренерот Червар ги употреби сите расположливи ракометари и испроба дел од своите тактички замисли.

За најдобар во нашите редови е избран Ренато Вугринец, а кај победникот најдобар беше Уго Деск.

Металург – Кретеј  21:24 (11:11)

Тек на натпреварот: 2:4 (9),4:6 (13), 7:6, (17) 8:9 (23), 11:10 (27), 13:13 (32), 15:15 (35), 16:18 (48), 17:20 (50), 20:24 (58)

Прочитано 3.320 пати

(6) Коментари

  1. Слабо дечки, не се зезајте вака, место да газите со 10 разлика, ве тепаат “повратници” втора лига…
    Малку посериозно ве молам понатаму….

  2. ajde namerno pustivte da ne se najdete vo finale so Vardar , se krie strategija za 3 sep. za seha . Lani pustija Vardar sega Metalurg vraka, i vo pravo ste ne se igra na beton -cuvanje na sili i od povredi ima povazni natprevari

  3. a kade vi e stanic na slikata

  4. Dali ima prenos na televizija.
    dokolku da – na koja

  5. Прајте шо ке прајте денес подарете и на оваа публика очекувано финале-Вардар-Металург

Напишете коментар


3 + 5 =