Металург ја доби првата битка со екипата на Криенс

23.09.2020 00:21
DAR_8061_resize_resize

Металург ја совлада екипата на Криенс во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лига Европа. Цврстиот и квалитетен швајцарски претставник го совладавме со резултат 26:24 (14:13) и во Цирих ќе патуваме со предност од два гола.

Денешниот натпревар мина во упорна и израмнета борба, при што ниту една екипа не успеа да изгради предност поголема од два гола. Металург успеваше постојано да има минимална предност, но упорниот противник секогаш наоѓаше начин да се врати во игра, па и да го загрози нашето водство.

На самиот крај од првото полувреме, поведовме со 14:12, со головите на Хорват и на Мариќ, но Криенс успеа да го искористи последниот напад и да намали на 14:13, со кои двете екипи заминаа на одмор.

Во второто полувреме дојде до резултатски пресврт, откако противникот ги искористи нашите грешки и поведе со 15:16. Од тој момент, па се до самиот крај, се играше гол за гол, но и со многу пресврти. Во еден момент екипата на Криенс поведе со два гола разлика, 17:19, а имаше и напад за три гола, но Металург успеа да ја преброди кризата, во што помогнаа и неколкуте одбрани во серија на Дупјачанец, па во самиот финиш имавме предност од еден гол и напад, кој со нов погодок го заврши Серафимов.

Предноста не е голема, но не е ниту мала, особено што Металург е сепак поквалитетен тим и што има можност дополнително да ја подобри својата игра, за што ќе има на располагање нови седум дена.

Реваншот ќе се игра во Цирих, на 29 септември.

.

Металург – Криенс  26:24 (14:13)

Металург: Дупјачанец (7 одбрани), Ѓорѓески, Хорват 8, Маркоски, Рниќ, Тарабокија 8, Потиќ, Поповиќ 1, Канкараш 3, Лазаревски 1, Шилегов, Серафимов 3, Мариќ 1, Младеновиќ, Додиќ 1 и Кондев.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 6 минути.

Криенс: Бар (5 одбрани), Ечер, Папеж 6, Харбуз 1, Гаврановиќ 3, Лапајне 4, Лавриќ, Блатер, Делчиапо, Шлумпф 3, Ванер 5, Пироч 1, Оертли, Идризи и Релстаб 1.    Седмерци: ½.    Исклучувања: 12 минути.

Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.

Делегат: Камер Металари од Македонија.

Прочитано 601 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 1 =