МЕТАЛУРГ ЈА ИСПУШТИ ПОБЕДАТА ОД РАЦЕ

14.12.2013 23:33
MJI_4932_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Металург пропушти можност да врзи две едноподруго победи над екипата на Загреб, откако вечерва одигра нерешено со хрватскиот шампион, во средба од третото коло во СЕХА лигата. Иако Загреб одигра подобро отколку пред една седмица, сепак, Металург е екипата која треба да жали за загубените два бода. Во последната минута влеговме со предност од еден гол и со напад, кој требаше да ја верификува победата. Малото невнимание на нашите напаѓачи резултираше со израмнувачки гол на Обрановиќ, а ударот на Атман, во последната секунда, само ја разниша пречката на голот. Четирите нерешени резултати и еден пораз, сите на домашен терен, не ставаат во ситуација да стрепиме за нашето учество во годинешниот фајналфор во Регионалната лига.

MJI_4705_resize_resize

Во првите десетина минути се водеше израмнета борба. Во четири наврати водеше екипата на Загреб, исто толку пат израмни Металург. Во овој период се истакнаа Степанчиќ и Вугринец, кои беа стрелци на по два гола. Следуваше триминутно шоу на Павел Атман, кој постигна три гола во серија и обезбеди прва убедлива предност за нашиот тим, 7:4. Во 14. минута гол постигна и Манасков, за најголема предност на Металург на денешниот натпревар, 8:4. Кога сите очекуваа дека ќе видат реприза од минатонеделната средба, дојде до целосен пресврт. Загреб најпрво го намали резултатот, потоа го израмни, со голот на Шпрем во 24. минута, а на крајот и го доби полувремето, со резултат 13:15.

MJI_4790_resize_resize

Во второто полувреме нашите ракометари влегоа многу поамбициозно. Во 37. минута Мојсовски го израмни резултатот, 16:16, а потоа уште осум минути се играше гол за гол. По серија на Металург од 3:0 (Мојсовски, Атман и Георгиевски) дојдовме до предност од два гола, 24:22 во 49. минута. Загреб не се предаде и со идентична контрасерија (Михиќ, Шандрк и Шебетиќ) го врати водството, во 56. минута, 25:26.  Во последната минута влеговме со гол предност, 27:26, и со напад, кој за жал не го реализиравме. Натпреварот заврши со резултат 27:27, но од овој исход беа задоволни само ракометарите на Загреб.

Факт кој треба да го загрижи нашиот стручен штаб се шесте примени гола во моменти кога имавме ракометар повеќе.

MJI_4626_resize_resize

Металург – Загреб  27:27 (13:15)

Металург: Станиќ (7 одбрани), Митревски (2 одбрани), Ојлески 2, Димовски 2, Пецаковски, Вугринец 4, Георгиевски 5, Манасков 2, Миркуловски, З.Мојсоски, В.Маркоски, Н.Маркоски 2, Н.Мојсовски 4, Атман 6, Кеџо и Јоновски.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 2 минути.

Загреб: Стевановиќ (10 одбрани), Ивиќ (3 одбрани), Михиќ 2, Степанчиќ 2, Матулиќ 3, Шпрем 2, Шебетиќ 7, Хорват 1, Шушња, Шандрк 5, Ј.Валчиќ 1, Т.Валчиќ 1, Мандалиниќ, Обрановиќ 3 и Калеб.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 10 минути.

MJI_4721_resize_resize

MJI_5089_resize_resize

Прочитано 1.671 пати

(3) Коментари

  1. Epa zaradi “mnogu dobrata” strategija na Lino so stedenje na igracite vo seha sega dojde red da barame poeni so Vardar i Zagreb, malce tesko izgleda vleguvanjevo vo final four! BRAVO

  2. prekrasen natprevar i pokraj nereseniot rezultat BRAVO!!!

  3. I dosta veke so drzenje igraci vo igra samo zaradi ime i prezime, sekoj moze da ima los den! Vcera odranata KATASTROFA na celo so Jonovski ( edna ista kombinacija od 9 m 100 pati im pomina), vleze Kedzo( iako ne sum mu nekoj fan) izigra super, ali kratko ,pa go smeni !?!?? STanic prva polovina na prvo poluvreme ok, posle nishto, vtoro poluvreme pak Stanic…..!?!?? vlaga Mitrevski 10 min pred kraj ?!?!?odbrani odma i malce se vraka nadezta vednas……znaci malce poveke rotacija trebase koga na nekoj ne mu ide, a drugo prasanje e zasto MItrevski dobiva se pomala minutaza, a toa malce sto vleguva ovaa sezona e odlicen

Напишете коментар


8 − 4 =