МЕТАЛУРГ ЈА ОСТВАРИ И СВОЈАТА ВТОРА ЦЕЛ – ПЛАСМАН ВО ЗАВРШНИЦАТА НА РЕГИОНАЛНОТО НАТПРЕВАРУВАЊЕ

06.03.2013 23:18
GIL_8999_resize_resize

Металург ја оствари и својата втора цел, поставена во плановите во почетокот на сезоната. По пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите, обезбедено е и учеството во завршницата на СЕХА-лигата, второ во двегодишното постоење на ова натпреварување. До крајот на основниот дел од Регионалната лига имаме уште две средби, кои ќе ја одредат нашата конечна позиција пред почетокот на фајнал-форот. В сабота гостуваме во Загреб, а на 30 март ја пречекуваме екипата на Вардар ПРО.

На денешната средба настапивме во состав во кој недостигаа некои од нашите најекспонирани ракометари, Манасков, Миркуловски и Јоновски, а Наумче Мојсовски, кој ја санира повредата на прстите, и Георгиевски влегоа во игра дури во 45. минута. И покрај тоа, видовме одлично прво полувреме во кое целосно го надигравме противникот од Белорусија.

Резултатот го отвори Вугринец, со гол во 2. минута. Брест врати со головите на Вукиќ и Пракапења, за своето единствено водство на денешната средба, 1:2. Откако Вугринец и Златко Мојсоски ни ја повратија предноста, до крајот на средбата Металург беше тимот што ги контролираше и играта и резултатот. Од 12. до 17. минута, со головите на Коражија (2), Козлина и Батиновиќ, направивме серија од 4:0 и обезбедивме предност од пет гола, 10:5. Најголема разлика имавме при резултатот 14:8 и 15:9, но до крајот на првиот дел противникот намали на 16:12.

Во второто полувреме се водеше огорчена борба. Противникот вложи многу напор и успеа да фати резултатски приклучок. Во 41. минута, со голот на Маркотиќ, Брест Мешков дојде на чекор од израмнувањето, 20:19. Истата разлика се повтори и при 21:20, 23:22, 26:25 и 27:26. Еден од најважните голови на средбата е оној на Козлина, во 59. минута, за наше водство со резултат 27:25. Иако Кнудсен, со својот шести гол во 60. минута, намали на 27:26, во преостанатата половина минута постигнавме уште еден гол (Георгиевски) и го добивме натпреварот, со резултат идентичен со оној од загубениот натпревар во Брест, 28:26.

Козлина со 7 голови е нашиот најпрецизен ракометар, а посебно ќе го обележиме фантастичното деби на Давид Коражија, кој постигна идеален скор – шест гола од шест обиди.

РК Металург – Брест Мешков  28:26  (16:12)

Металург: Станиќ (11 одбрани), Ангелов, Ракчевиќ 3/3, Левов, Димовски 1/1, Вугринец 2/6, Георгиевски 1.2, Козлина 7/10, Маркоски, З.Мојсоски 1/1, Додер 5/8, Н.Мојсовски 0/2, Батиновиќ 2/3, Мандиќ 0/1, Алушовски и Коражија 6/6 (1).    Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 2 минути.

Брест Мешков: Божиќ (3 одбрани), Чарапенка (8 одбрани), Маркотиќ 3/7, Кнудсен 6/7, Новицкис 0/1, Пракапења 4/6, Књазев, Шумак 3/5, Вуќиќ 2/4, Баранов 3/4, Гросас 0/1, Костадиновиќ 1/1, Карачиќ 1/5, Татарин 1/1, Ушал 1/1 и Валинцов.     Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 8 минути.

Фотогалерија: Извор “Нова Македонија“ – Бансколиев

Прочитано 1.955 пати

(5) Коментари

  1. Zadovolen sum od igrata vo prvoto poluvreme,no totalno razocaravte vo vtoroto.Eden klub koj ima visoki ambicii vo ligata na sampioni ne smee da si dozvoli takvi oscilacii vo igrata.Ne bi bilo nisto sporno dokolku vakvata oscilacija e slucajna.No,imase nekolku utakmici vo ligata na sampioni kade eden period od natprevarot igrame perferktno i potoa igrata ni pagja za dve pa i tri skalila podolu.So takvi oscilacii,gubime od Dinamo Minsk,sigurno!!!

    • Се слагам со тебе дека екипа која се бори за висок пласман не смее да има такви осцилации во играта. Ама да не заборавиме дека оваа снимка одма иде кај Динамо Минск. Така да оваа игра не би требало да е реална. Вистинското ќе го видиме на 14 и 23 март.

  2. Дали оваа најава за натпревар со Вардар ПРО на 30.3. значи дека терминот од 19.3. е променет? И дали навистина овој натпревар ќе се одигра во СРЦ „ Борис Трајковски“ ? Кружат такви муабети…
    Поздрав!
    Само еден МЕТАЛУРГ !

    • Средбата се игра на 30 март. Муабетите нека кружат, а средбата ќе се игра во пеколот на “Автокоманда“.

      • Jeeee!!! Автокомандо земјо знај во тебе е како рај… 😉

Напишете коментар


6 − 5 =