Металург ја освои и “Форца“

02.12.2015 22:45
AND_26597_resize

Металург ја продолжи својата доминација во домашното првенство, откако во салата “Форца“ го совлада Работнички, со 27:19 (10:8).

Нашиот тим, во отсуство на Лино Червар, го предводеше Александар Јовиќ. Во составот го немаше и Даниел Дупјачанец, кој ја лечи повредата стекната на средбата со Скјерн.

Средбата почна со наизменични голови на двете страни, се до средината на првото полувреме, кога Работнички изненади со серија од 5:0, за 7:4, во 23. минута. Тоа очигледно не им се допадна на нашите ракометари, кои, во период од 27. до 39. минути, вратија со уште поголема серија од 8:0, која на крајот и ја реши средбата.

На полувреме беше 10:8 за нашиот тим, а до средината на второто полувреме стигнавме и до максимални +8, 12:20, во 48. минута. Оваа разлика остана до крајот на средбата, која заврши со резултат 27:19.

Да потсетиме, Металург ја доби и првата пресметка со екипата на Работнички, во Автокоманда тогаш беше 28:15.

Металург е прв на табелата, со 33 бода од 11 средби.

Работнички – Металург  19:27 (8:10)

Работнички: Ѓорѓески, Илиќ, Маркоски, Димовски, Ф.Василевски, Орданоски, Марсениќ, Алушовски, Мојсоски, Ѓуроски, Јовчески, А.Василевски, Гајиќ и Мирчев.    Седмерци: 0/2.   Исклучувања: 12 минути.

Металург: Вуковиќ, А.Пешевски, Петров, Мраковчиќ, Маџовски, Божовиќ, Костески, Матиќ, Шпилер, Бувиниќ, Кузмановски, Кукоски, Крстевски, Талески, Ж.Пешевски и Палевски.    Седмерци: 8/9.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Начевски Марјан од Скопје.

Прочитано 966 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 1