МЕТАЛУРГ ЈА ОСВОИ СВОЈАТА ПЕТТА КУП-ТИТУЛА

19.05.2013 23:20
AND_9113_resize

za tekst

Металург вечерва ја освои својата петта титула во Купот на Македонија. Капитенот на Металург, Ванчо Димовски, го крена победничкиот пехар, кој по едногодишно отсуство се враќа во “Автокоманда“. Тоа е епилогот од финалниот натпревар, во кој Металург го совлада струмички Зомимак, со резултат 26:23 (14:12).

DSC_0071_resize

Нема да ви одземеме време со описот на натпреварот. Доволно е да кажеме дека извојувавме победа, можеби потешко од очекуваното, но, по вчерашната полуфинална војна, беше тешко да се најдат доволно мотиви против инаку солидната екипа на Зомимак М. На нашите спортски пријатели од Струмица им го честитаме учеството во големото финале, веќе во првата година од проектот наречен Зомимак М. Очигледно е дека  Струмица во иднина ќе стане вистински ракометен бастион.

DSC_0067_resize

Благодарност и до управата на ракометниот клуб Вардар ПРО, за одличната организација на финалниот турнир. Особено ни е драго што повторно добивме можност победничкиот пехар да го примиме во СРЦ “Кале“, што секогаш и за секого е голем предизвик.

AND_8732_resize

AND_9152_resize

Металург на натпреварот ја имаше поддршката од својата навивачка група “Пирати“, но и од бројни симпатизери.

DSC_0095_resize

DSC_0062_resize

РК Металург – РК Зомимак М  26:23 (14:12)

РК Металург: Станиќ, Митревски, Ракчевиќ 1, Левов, Димовски 3, Вугринец 9, Георгиевски 5, Миркуловски 2, Маркоски, З.Мојсоски 1, Додер 2, Батиновиќ, Јоновски, Мандиќ, Алушовски 3 и Коражија.    Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 4 минути.

РК Зомимак М: Колев, Стојановски, Атанасов, Пандев, Павловски 7, Пецаковски 7, Лазаров, Тренчевски, Милосављевиќ 3, Стојанов 1, Петковски, Соколов, Чантурија 4 и Везенковски 1.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегати: Начевски Марјан и Неделковски Неделко од Скопје.

DSC_0063_resize

За најдобар играч на турнирот е прогласен Филип Миркуловски.

AND_8824_resize

Најдобар голман е Дарко Станиќ.

AND_8833_resize

Пехарот за најмногу постигнати голови замина во рацете на играчот на Зомимак, Игор Павловски, кој постигна 16 погодоци.

AND_8845_resize

За крај, заедничката фотографија од СРЦ “Кале“.

AND_9124_resize

Поздрав до следната година.

Прочитано 1.352 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 1