Металург ја продолжи соработката со Мице Шилегов

09.06.2020 12:43
DAR_9590_resize_resize

Металург продолжува со склопување на ростерот за претстојната сезона. По доаѓањето на Златко Хорват, Металург ја продолжи соработката и со Мице Шилегов, со што ја комплетираше деснокрилната позиција во тимот. Мице Шилегов (1998) ја продолжи лојалноста кон Металург за уште една сезона.

Шилегов е производ на школите на Металург и во клубот е веќе 11 години во кои беше дел од сите старосни категории на Металург.

Металург досега се засили со Бранко Канкараш, Никола Потиќ, Момир Рниќ и Златко Хорват, ги продолжи договорите со голманот Даниел Дупјачанец, со пикерот Милан Лазаревски, левото крило Милан Поповиќ и со десното крило Мице Шилегов, ги задржа Мартин Серафимов, Иракли Кбилашвили, Маријан Мариќ, Даниел Ѓорѓески, Лука Вујовиќ, Дарко Кондев, Стефан Додиќ и Михајло Младеновиќ, а ги вклопи и младите Дарио Кофилоски, Андреј Митиќ и Теодор Тодески.

Прочитано 146 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 1