Металург ја загуби првата средба со Висла Плоцк

14.02.2021 23:30
metalurg2_resize

Металург доживеа убедлив пораз во првиот натпревар со екипата на Висла Плоцк. Овој натпревар од второто коло на групната фаза на Лига Европа, кој досега двапати беше одлаган, го загубивме со резултат 19:38 (9:16).

Како што е познато, Металург не дозволи да загуби две средби со службен резултат и ја одбра спортската варијанта – да отпатува во Полска на мегдан со полскиот вицешампион, иако во моментот, поради коронавирус и повреди, располагаме со само 11 ракометари, половина од кои се кадети и младинци.

Со овој состав, од кој поради повреда денеска дополнително отпадна Велко Маркоски, Металург не можеше рамноправно да се носи со силниот противник, кој беше доминантен во текот на сите 60 минути и заслужено ги освои бодовите од овој натпревар. Металург целиот натпревар го одигра со една постава, против ривал кој на секоја позиција имаше по неколку квалитетни ракометари. Средбата беше загубена на самиот почеток, кога Висла Плоцк поведе со резултат 6:0. Нашиот тим до крајот на првото полувреме успеа да го задржи противникот на разлика од седум гола, но во вториот дел дојде до израз заморот кај нашите ракометари и средбата заврши со наш убедлив пораз.

Во вторник, со почеток во 18.45 часот, ќе се одигра и втората средба меѓу истите противници.

.

Металург – Висла Плоцк  19:38 (9:16)

Металург: Дупјачанец (8 одбрани), Брестовац, Ѓорѓески, Петковски 2, Поповиќ 5, Кофилоски 1, Серафимов 5, Митиќ 3, Рниќ 2, Додиќ 1 и Маркоски.    Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 6 минути.

Висла Плоцк: Моравски (1брани), Вихари (1 одбрана), Дачек 2, Стенмалм, Вејин 4, Санчез 1, Гунтин, Шушња 4, Шита 7, Комаржевски 1, Крајевски 4, Терзиќ, Тото 4, Михиќ 5, Чаплински 2 и Елизага 4.    Седмерци: 3/3.     Исклучуваеа; 8 минути.

Судии: Томас Барисас и Повилас Петрусис од Литванија.

Делегат: Тадас Јансонас од Литванија.

Прочитано 216 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 6