МЕТАЛУРГ ЈА ЗАГУБИ СРЕДБАТА ПРОТИВ ЕКИПАТА НА БРЕСТ

09.03.2014 22:50
DAR_7545_resize

za tekst

Металург е поразен на денешната средба против екипата на Брест Мешков и ги загуби шансите за настап во фајналфорот на Гаспром СЕХА регионалната лига.

Нашите ракометари храбро се бореа во текот на целиот натпревар, но тоа не беше доволно за да се совлада силниот гостински состав. Десеткуваниот тим на Лино Червар на паркет излезе без половина од својот основен состав, а на средбата дополнително ги загуби и Циндриќ и Георгиевски, кои, поради повреди, го пропуштија второто полувреме. Ако се земе дека и Веле Маркоски, кој исто така влечи повреда, првпат влезе во последните десетина минути, тогаш имавме навистина тешка задача, дополнително отежната од постојаниот притисок врз нашиот тим во текот на средбата.

Го загубивме натпреварот, но го добивме Вуко Борозан, кој веќе на вториот свој натпревар покажа дека е одлична инвестиција и дека многу брзо ќе сее страв кај бранителите на мрежите на нашите противници.

На екипата на Брест Мешков и посакуваме успех во понатамошното натпреварување, а од раководството на СЕХА-лигата очекуваме да ги разгледа причините за бројните реакции на нашата клупа во последните неколку натпревари, па и на денешниот.

Металург – Брест Мешков  25:26 (12:14)

Металург: Станиќ (две одбрани), Мијатовиќ (12 одбрани), Ојлески 4, Димовски 1, Пецаковски 1, Георгиевски, Манасков 2, Миркуловски 3, В.Маркоски, Н.Маркоски 2, Циндриќ 4, Кеџо 2, Јоновски, Борозан 6 и Пешевски.      Седмерци: 3/5.       Исклучувања: 8 минути.

Брест Мешков: Пешиќ (7 одбрани + седмерец), Патотцки (1 одбрана + седмерец), Малиновиќ, Бабичев 1, Маркотиќ 1, Камишик 3, Шпилер 5, Николенкау 4, Стојковиќ 1, Вукиќ 2, Баранов 2, Хаиса, Карачиќ 3, Рутенка, Сршен и Шиловиќ 4.         Седмерци: 2/2.      Исклучуања: 10 минути.

Судии: Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска.

Прочитано 1.803 пати

(8) Коментари

  1. За десеткуван тим и добро одигравте.
    За жал, другиот дел од задачата го обработија на срамен начин Губица и Милошевиќ, преку постепена кражба во текот на целиот натпревар.

    Впрочем, како може да не оди во Ф4 Брест Мешков, екипата која го донесе спонзорот на лигата?
    Верувам дека судиите добро ќе бидат наградени за успешната улога во денешниот натпревар.

    Од друга страна пак, не знам како не се засрами комесарот на лигата Марјан Начевски кој дозволува вакво нешто да им се случува на нашите клубови.

    Знам дека главите во овој момент не се ладни, ама мислам дека може сериозно да се замисли за напуштање на лигата. Моите причини не се од типот „ да се мисли за повредите“, туку чисто „административни“ – односот на СЕХА и нивните добро платени поданиции, судии кон Металург:

  2. Момците храбро се бореа, секоја чест, а за судењето немам коментар. Страшно нешто! Ај, нека се живи и здрави, нека собираат сила за со Колдинг.

  3. ja neznam sto tolku se protiv Metalug , na kogo tolku im smetame , ocigledno e ima nekoj sto mnogu go mrazi, sudiive dozvolija neviden kotek da dobijat igracite ,bez isklucuvanje , a vo sprotivno mal kontakt bese sankcioniran Metalurg, mislam ako ne vlezat Slovencite i Madzarite idnata sezona se gubi smisla da se igra seha liga

  4. Odlicen komentar na Dejan, sudiite za vakvo sudenje ke bidat nagradeni i niv i da gi razberes tie ne se makedonci, sramot e golem za nasite prestavnici vo SEHA ligata. Zosto, se dobiva vpecatok deka vo redovite na nasite makedoncite koi se dolgo vreme vo rakometot vo Makedonija ima takvi koi se protiv Metalurg? Dali ovie luge koj poznato e deka bea i seuste se bliski so staroto rakovodstvo na Vardar ne mozat da se pomirat so vistinata deka primatot koj go imase vo makedonskiot rakomet Vardar go prevzema Metalurg. Niz cela Evropa definitivno poveke se zboruva za “maliot” klub od predgradie na Skopje koj e predvoden od maestralniot Lino Cervar, treta godina po red igra vo ligata na sampioni i vo Skopje gi pobedi i PSZ i Barselona. Sramota e da se podrzuva nekoj pa bilo toj i da e toj sto plaka a da se raboti protiv klub od tvojata tatkovina.
    Samo napred za Metalurg, koj definitivno cekori po praviot pat sozdavajki nasi mladi rakometari.

  5. ako saka te ne go objavuvajte komentarot no jas vi se obrakam na vas.Zosto dozvoluvate vaseto evropsko renome da vi go rusi ovaa kvazi liga i ovie neprovereni sudii,delegati i voopsto celata struktura na seha ligata,luge za koi nikoj nema slusnato,luge koi se stavaat nad eden kolektiv odnosno klub i trener za koj ima slusnato cela evropa,klub koj e respektiran i od koj se plasat i najgolemite…pa tie treba da ucat od vas.Tolku pozz i da ve potsetam ja nadigravte BARCELONA eeeej.

  6. SEHA E ODLICNA LIGA ZA DA IGRAME SO METALURG JUNIOR I SEKOJA POBEDA SO NIV BI BILA RAVNA NA CUDO. IMAME SUPER TALENTIRANI DECA KOI SKORO KE BIDAT PREKRASNI I ODLICNI IGRACI. ZA DA NEMA EMOCII I OMALOVAZUVANJE OD POLITIKATA NA ORGANIZATORITE NA LIGATA MORA DA RAZBEREME SEHA LIGA – ODLICEN TRENING.FORZA METALURG
    p.s. NAJ JAK VIC PRED 4 GOD. KE BESE DA KAZEVTE DEKA METALURG KE GI TEPA BARSA I PSZ NEKOGAS TOA E REALNOST DENES LINO GOSPOD SO TEBE I SO OVIE VOINI NA TEREN I SITE DO EDEN KOI DAVAAT PRIDONES NA BILO KAKOV NACIN VO OVOJ KOLEKTIV.

  7. Никако откажувањеод СЕХА лигата, само треба со поразличен состав да се оди, тоа е идеално за создавање супер играчи, еве на пр, Партизан за две години какви играчи ќе изгради, затоа не се занесувајте со откажување, туку да се игра својата игра и да се создаваат играчи, подобар тренинг и спаринг партнер здравје.

  8. Po mene da igrase nekoj mladinec od metalurg junior podobro ke izigrase od kedzo ,deckoto se plasi da vleze vo duel a ne pa da sutne katastrofaaa

Напишете коментар


4 − = 3