Металург ја загуби средбата со Ним

11.01.2020 22:25
82202526_2532643596997693_609608966296567808_n_resize

Металург вечерва ја одигра првата пријателска средба на својата француска турнеја.

Загубивме од екипата на Ним, со резултат 36:23 (15:10).

Во ситуација кога играме безмалку без комплетната прва постава, бидеќи Серафимов и Танкоски се во Виена, Кбилашвили и Чантурија се со Грузија, Велко Маркоски е повреден, а Поповиќ и Шилегов се ровити по прележана прехлада, резултатите од средбите на турнејата ќе бидат во втор план.

Нашиот тренер Зоран Кастратовиќ ќе има можност да ги воочи и исправи сите забележани слабости.

Денеска на средбата со Ним, шанса да ги покажат своите можности добија сите ракометари од првиот тим, но и младите Илија Мелоски и Никола Стоилевски од Металург 2, кои се земени на турнејата.

Металург долго време му парираше на многу поискусниот противник, но на крајот мораше да потклене. Посебна приказна се судиите на овие средби, кои ја повторуваат сликата од минатата година. Најчесто неискусни и пристрасни, тие им даваат доза на несериозност на овие пријателски средби.

Ним – Металург  36:23 (15:10)

Металург: Дупјачанец, Ѓорѓески, Мијатовиќ, Кондев 1, Јагуриноски 5, Мелоски, Поповиќ 1, Лазаревски 1, Шилегов 3, Пецаковски 1, Стоилевски, Мариќ 2, Младеновиќ 2, Вујовиќ, Додиќ 5 и Арсеновски 2.

.

Фото:

Прочитано 535 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 9