Топ Вести

МЕТАЛУРГ ЈА ЗАВРШИ ЕВРОСЕЗОНАТА СО ПОРАЗ, НО И СО ВИСОКО КРЕНАТА ГЛАВА

22.02.2015 22:40
MJI_6691_resize

za tekst

Секој пораз е непријатен, но овој денешниот сигурно не не посрамоти. Напротив, од позиција на тотален аутсајдер стигнавме да ги испотиме хрватските шампиони и да ги натераме до последниот свиреж да стравуваат за победата. Нашите млади ракометари дефинитивно покажаа дека имаат потенцијал и дека се најдоброто што Македонија го има во оваа генерација. Да, им недостасува искуство, да, се уште се профилираат вистинските лидери-предводници на тимот. Но, со макотрпна работа и со многу натпревари како овој денешниот, резултатите неминовно ќе дојдат. Како што рече Лино Червар на прес-конференцијата по средбата, ќе има и други порази, но после секој натпревар момчињата ќе бидат се подобри и подобри.

Токму неискуството, почетната импресионираност од името на противникот и стравот да се преземе лична одговорност беа причините што десет минути не знаевме како да го најдеме патот до голот на противникот. Загреб ја искористи нашата збунетост и го почна натпреварот со серија од 4:0. Потоа во нашиот тим се појави лидер и работите тргнаа во правилна насока. Бувиниќ беше ракометарот што го разбуди нашиот напад и со своите четири гола навести дека денеска скапо ќе ја продадеме својата кожа. До крајот на полувремето се водеше целосно рамноправна борба, а , со голот на Џукиќ, на минута до крајот стигнавме на само чекор од резултатот на Загреб, 10:11. Полувремето сепак заврши со предност на Загреб од два гола, 10:12.

Жестоко го нападнавме голот на Ивиќ на почетокот од вториот дел. Браќата Маџовски ги постигнаа првите два гола со кои го израмнивме резултатот и ја дигнавме на нозе публиката. Загреб набрзо го врати водството, но не успеа да создаде недостижна предност. Влегувањето на Раде Стојановиќ го одбележа последниот период во кој се уште имавме шанса да го изненадиме противникот. Неговите три гола се вклопија во нашата серија од 4:0, со кои повторно го израмнивме резултатот, 18:18. Данокот на неискуството го плативме во следните пет минути во кои направивме неколку почетнички грешки и примивме три едноподруго гола, 18:21. На 30 секунди до крајот беше 19:22, а со својот последен удар намали Марко Нелоски, за конечни 20:22.

Металург – ППД Загреб  20:22 (10:12)

Металург: Митревски (12 одбрани), Мисовски, Џукиќ 2, Костески, Бој.Маџовски 2, Ојлески, Пешевски 2, Бувиниќ 6, Крстевски, Кукоски 1, Борј.Маџовски 2, Манасков, Нелоски 2, Стојановиќ 3, Талески и Велковски.      Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 4 минути.

ППД Загреб: Ивиќ, Стевановиќ, Вуглач, Хорват 5, Брозовиќ 3, Раковиќ 3, Степанчиќ 3, Шушња 3, Мандалиниќ 2, Челица 1, Ковачевиќ 1, Михиќ 1, Шебетиќ, Шпрем, Ј.Валчиќ и Т.Валчиќ.       Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 2.402 пати

(5) Коментари

  1. Голот за 18-18 го постигна Кукоски а вие му го немате впишано .

    • Во право сте, ја исправивме грешката.

  2. Браво. Докажавте дека со право веруваме во вас

  3. Odlcno od natprevar vo natprevar se posigurno i podobro. Ama ajde malku povezbajte na penali, pak mnogu promasuvanja a toa se odrazuva znacajno na rezultatot.

  4. TOCNO TREBA DA IMA COVEK ZADOLZEN ZA PENALI I REZEVEN ISTO TAKA AKO NE MU IDE

    I TREBA DA GI IGRAME POVEKE KRILATA KOJ SE KVALITETNI

    SE NABIVAME VO SREDINA I SUTIRAME NAREZONSKI ILI PROIGRAVAME SO PIKER I LESNO NE CITAAT USTE NE SME UIGRANI KAKO TREBA I TREBA NOVI AKCII DA SE IZMISLAT ZA VO NAPAD
    GENERALNO VO ODBRANA SME DOBRI NAPADOT E POSLABA KARIKA

    TREBA MNOGU TRENIG KONDICIONO I UIGRAVANJE NO JAS SUM OPTIMIS OD NATPREVAR VO NATPEVAT SME PODOBRI KE BIDEME SE PODOBRI

    MATALURG SAMPION

Напишете коментар


8 − = 0