Металург ја заврши полусезоната со перфектни 14 од 14

17.12.2015 11:23
_DSC0167_resize_resize

za tekst

Со одигрувањето на средбата Радовиш – Металург, заврши есенската полусезона за Металург. Металург перфектно ја заврши својата работа, со 14 победи на 14 средби, а титулата есенски шампион ја освоивме уште пред неколку кола.

Средбата во Радовиш, која мина во неподносливи услови, во исклучително ладна сала, е последната наша обврска во 2015 година.

Нашиот противник подобро го отвори натпреварот и долго време имаше водство, на моменти и со четири гола разлика. Но, така беше во периодот кога ракометарите на Металург не успеваа да се загрејат во ладната сала. Првото полувреме го добивме со резултат 14:12.

Рутинирано го привршивме и второто полувреме, во кое вложивме онолку сили колку е потребно за победа и нови три бода.

По 14 одиграни кола, Металург е осамен на челото на првенствената табела, со 42 освоени бода.

Радовиш – Металург 25:28 (12:14)

Радовиш: Паунов, Конзулов 3, Марков 3, Павловски 7, Долдуров, Георгиев 1, Фенов, С.Спасов, Спасков, Петрушевски 2, А.Спасов, Ордев 7 и Блажески 2. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 10 мин.

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 3, Марковчиќ 4, Маџовски 3, Божовиќ 9, Костески, Матиќ 5, Бувиниќ 2, Матијашиќ, Кузмановски 1, Кукоски, Крстевски, Велковски, Пешевски и Палевски 1. Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин. Црвен картон: Маџовски Бојан во 54. Минута (3х2 мин.).

Прочитано 789 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 6