Металург ја заврши регуларната сезона со максимални 18 победи

31.03.2016 23:24
_DSC01001_resize

Металург вечерва гостуваше кај екипата на Пролет, со која го одигра натпреварот од последното 18-то коло од лигашкиот дел на првенството.

Металург влезе како голем фаворит во овој натпревар и таа улога комплетно и ја оправда. Од самиот почеток нашите ракометари наметна темпо кое беше неиздржливо за домашната екипа, па набрзо се создаде и првата опиплива разлика, 3:5, 3:9 и 5:12, а на минута пред одморот таа стана и двоцифрена 6:16. На одмор екипите заминаа при резултат 7:16.

Подобри бевме и во второто полувреме, но веќе го немавме мотивот од првиот дел, па овој период го добивме со само три гола разлика 8:11, за конечни 15:27.

Металург ги заврши своите натпревари и сега ќе ги чека новите предизвици, најпрво четврт-финалето во Купот на Македонија, а потоа и плеј-офот во првенството.

Дотогаш, половина од екипата ќе биде на располагање на младинската репрезентација, а добар дел од остатокот и во сениорската, која ја очекуваат олимписките квалификации во Гданск.

Пролет – Металург  15:27 (7:16)

Пролет: Василевски 1, Ичокаев 1, Николовски, Левковски, Мајнов 1, Аларов, Јовановски, Коруновски, Трајковски 5, Андоновски 3, Кимевски, Трајчевски 1, Џонов 1, Дамчевски, Крстевски 1 и Стојановски 1.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

Металург: Томовски, Дупјачанец, Петров, Костески 3, Матиќ 3, Вујовиќ, Бувиниќ 7, Кузмановски 2, Јагуриновски, Кукоски, Крстевски, Талески 4, Велковски, Пешевски 2, Палевски 3 и Шаин 3.   Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Мајнов Бобан и Христовски Војо од Скопје.

Делегат: Николов Стојан од Скопје.

Прочитано 541 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − = 2