МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ЦЕЛИ 44 МИНУТИ МУ ДРЖЕШЕ ЛЕКЦИЈА НА ВАРДАР

15.04.2014 21:35
DAR_2196_resize

za tekst

Прекрасна вечер ни приредија младите надежи на Металург Јуниор, кои цели 44 минути имаа постојано водство во мечот против моќниот Вардар. Во тие 44 минути му дозволивме на Вардар едно водство, 10:11, и 13 израмнувања. На Вардар му се спротиставивме со вистински школски ракомет, а растрчаните ракометари на Јуниор буквално ги бомбардираа тројцата голмани на четврт-финалистот на Лигата на шампионите, кои еден по еден се изредија на голот на Вардар. На почетокот веројатно не потценија, но потоа навистина немаа решение за брзите ракометари на Металург Јуниор, кои како стршлени се пробиваа низ одбраната на противникот. На нашиот, пак, гол чуда правеше Кимевски, кој во првото полувреме забележа 11 одбрани.

На одмор екипите заминаа при резултат 15:14, за екипата на Јуниор.

Во второто полувреме сите очекуваа дека Вардар конечно ќе го разбие нашиот млад состав, но не стана баш така. Уште цели 14 минути му се спротиставувавме на скоро комплетниот Вардар, а во 37. минута поведовме со максимални три гола разлика, 20:17. Последен пат бевме во игра во 44. минута, кога на семафорот стоеше резултатот 23:23. Но се што е убаво има свој крај. Нашите ракометари, видно заморени, не можеа повеќе да се носат со силата и искуството на противникот и, губејки ја концентрацијата, нагло попуштија. Вардар ја искористи слабоста на нашите млади момчиња и дојде до конечна победа, со резултат 34:26.

Едно е сигурно, денеска Јуниор го препоти Вардар, а победникот никако не заслужи победа од осум гола разлика. За обележување е и одбраната на Ивановски, кој го скроти ударот на Дибиров при изведување на седмерец. Јуниор постигна 26 гола, повеќе од некои противници на Вардар во Лигата на шампионите.

За година, две, овие момчиња ќе бидат рамноправни со Вардар во текот на сите 60 минути.

РК Металург Јуниор – Вардар  26:34 (15.14)

Металург Јуниор: Кимевски (13 одбрани), Ивановски (1 одбрана + еден седмерец), Бошковски 1, Бешлиевски, Борј.Маџовски, Костески 3, И.Крстевски 1, Манасков 3, Велковски 1, Маркудов 2, Талески 6, Давитковски, Матијашиќ 1, Бој.Маџовски 2, Г.Крстевски 5 и Палевски 1.      Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 10 минути.

Вардар: Малумбрес, Милиќ, Чаневски, Даскаловски, Прибак, Тоскиќ, Раковиќ 8, Јовчевски, Марковиќ 7, Карачиќ, Душебаев 3, Лазаров 9, Терзиќ 1, Дибиров и Чипурин 6.      Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 4 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Исмаил Металари од Скопје.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Прочитано 8.155 пати

(11) Коментари

  1. Ubav uspeh vo sekoj slucaj,no ne treba da se preteruva i so bombasticni naslovi da se pravi pritisok vrz juniorite…Sepak Vardar e Vardar ovoj sostav e vrven…Iskreno gi sledam site nastapi voopsto na site selekcii Vardar ili Metalurg seedno zatoa sto navivam za Makedonija……Mislam deka treba da se prestane so praksata na razdor…..Se si ima svoe a najubavo e toa sto e nase…MKD-brand….Dali Metalurg ili Vardar ili Zomimak,Pelister,Tutunski,Borec,Kumanovo…..Daj Boze za mnogu mal vremenski period da ima uste 3-4 tima slicni na vodeckive….

    • За вас, како Македонец, веројатно е исто дали успех има Металург, Вардар, Зомимак или некој друг наш клуб. Но, за нас како Металург постои само – Металург.

  2. Bravo za deckite ! Mnogu mi e milo ! 100% Makedonsko! :)

  3. Bravo za Metalurg Junior!!!! Ete taka im e na Vardarci 44 minuti da setat bez glavi! Da izdrzaja uste nekoja minuta moze ke pisevte i deka skoro pobedile. OK, Pozz.

  4. BRAVO METALURGG BRAVO I JUNIOR SE PODOBRI OD VARDAR!!! BRAVO ZA NASITE MOMCINJA

  5. Moze li da doznaam koj gi izveduvase penalite za Junior?

  6. gledajte tamu samo da ne se povredite, posebno pred ovie mnogu bitni natprevari i za Vardar i za Metalurg!

  7. Bravo za mladite rakometari na Makedonija, i ” bravo” za Filip Lazarov koj se zadovoluva da igra protiv Metalurg junior i da bide najdobar poedinec.

  8. Dali ima sansi da se postira video od natprevarot?
    Odnapred blagodaram

Напиши одговор на Alek Откажи одговор


2 − 1 =