МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ДОНЕСЕ ВАЖНИ БОДОВИ ОД РЕСЕН

15.12.2013 16:13
DSC_0374_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Металург Јуниор се врати со победа од гостувањето во Ресен. Совладана е екипата на Преспа, со резултат 25:22 (11:10).

На крилата на одличниот Кимевски (18 одбрани) и борбената и храбра игра на целиот тим, Металург Јуниор освои три бода, со кои останува во трката за првите четири места кои водат во плеј-оф фазата.

Во текот на целата средба нашите ракометари одржуваа предност од еден до два гола. Единствената криза ја имавме во средината на второто полувреме, кога, при наше водство со резултат 13:15, дозволивме домаќинот да направи серија од 5:0 и да го сврти резултатот во своја корист, 18:15. За среќа, кризата беше надмината на најдобар можен начин – со наша контрасерија од 7:1 и повторно враќање на предноста, 19:22. На крајот, сосема заслужено, извојувавме победа, со конечни 22:25.

Преспа 2008 – Металург Јуниор  22:25 (10:11)

Металург: Кимевски (18 одбрани), Ивановски (2 одбрани), Блажевски, Бошковски, Пешевски 2, Маџовски 4, Костески 5, И.Крстевски 3, Манасков 4, Талески 2, Матијашиќ 1, Г.Крстевски 3, Палевски 1, Давитковски и Ставридис.        Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 4 минути.

—————————————————————————————————————————————————————————————————————

Резултати:

Куманово – Охрид   28:23

Пелистер – Зомимак   16:17

Пролет – Текстилец   37:34

Овче Поле – Радовиш   30:35

Преспа – Металург јуниор   22:25

Табела:

01. Зомимак М 13 39
02. Тинекс Пролет 14 36
03. Пелистер 14 25
04. Радовиш 14 24
05. Металург Јуниор 13 22
06. Овче Поле 14 12
07. Охрид 14 12
08. Куманово 14 12
09. Преспа 14 10
10. Текстилец 14 10

Прочитано 1.012 пати

(1) Коментар

  1. naumce da ozdravi pobrzoooo

Напишете коментар


+ 9 = 15