- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 3 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 3 months
МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ДОНЕСЕ ВАЖНИ БОДОВИ ОД РЕСЕН

Металург Јуниор се врати со победа од гостувањето во Ресен. Совладана е екипата на Преспа, со резултат 25:22 (11:10).
На крилата на одличниот Кимевски (18 одбрани) и борбената и храбра игра на целиот тим, Металург Јуниор освои три бода, со кои останува во трката за првите четири места кои водат во плеј-оф фазата.
Во текот на целата средба нашите ракометари одржуваа предност од еден до два гола. Единствената криза ја имавме во средината на второто полувреме, кога, при наше водство со резултат 13:15, дозволивме домаќинот да направи серија од 5:0 и да го сврти резултатот во своја корист, 18:15. За среќа, кризата беше надмината на најдобар можен начин – со наша контрасерија од 7:1 и повторно враќање на предноста, 19:22. На крајот, сосема заслужено, извојувавме победа, со конечни 22:25.
Преспа 2008 – Металург Јуниор 22:25 (10:11)
Металург: Кимевски (18 одбрани), Ивановски (2 одбрани), Блажевски, Бошковски, Пешевски 2, Маџовски 4, Костески 5, И.Крстевски 3, Манасков 4, Талески 2, Матијашиќ 1, Г.Крстевски 3, Палевски 1, Давитковски и Ставридис. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 4 минути.
—————————————————————————————————————————————————————————————————————
Резултати:
Куманово – Охрид 28:23
Пелистер – Зомимак 16:17
Пролет – Текстилец 37:34
Овче Поле – Радовиш 30:35
Преспа – Металург јуниор 22:25
Табела:
01. | Зомимак М | 13 | 39 |
02. | Тинекс Пролет | 14 | 36 |
03. | Пелистер | 14 | 25 |
04. | Радовиш | 14 | 24 |
05. | Металург Јуниор | 13 | 22 |
06. | Овче Поле | 14 | 12 |
07. | Охрид | 14 | 12 |
08. | Куманово | 14 | 12 |
09. | Преспа | 14 | 10 |
10. | Текстилец | 14 | 10 |
darian
naumce da ozdravi pobrzoooo