МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ДОЖИВЕА ПОРАЗ ШТО НЕ РАЗОЧАРА НИКОГО

15.09.2012 22:51
DSC_0084_resize_resize

Новата суперлигашка сезона во „Автокоманда“ вечерва стартуваше со натпреварот помеѓу Металург Јуниор и струмички Зомимак М. Гостинскиот тим е еден од најквалитетните во лигата и со големи амбиции во поглед на конечниот пласман и европски настап следната сезона.

Во дуел со таква екипа, поразот на Металург јуниор не изненади никого. Тоа што сигурно изненади е цврстиот отпор на нашите младинци. Стравувавме од овој натпревар. Јуниор, кој има 19 ракометари, во својот состав има десет 16-годишни момчиња и петмина со 18 години. Најстариот, голманот Кимевски, има 22 години.

Првото полувреме од денешната средба помина во доминација на гостинскиот тим. Јуниор играше по малку резервирано, импресиониран од настанот. И покрај сѐ, Зомимак не нѐ надигра. Дури во втората половина од првиот дел гостите дојдоа до поопиплива предност од 5-6 гола. Полувремето заврши со резултат 11:17.

Во вториот дел сликата се промени. Металург јуниор ја надмина тремата и заигра многу побрзо. Ја подобривме одбраната, а во нападот станавме многу посигурни. Како резултат на ваквите промени ова полувреме го добивме со резултат 16:15.

Особено радува зрелата игра на младиот Талески, кој без респект го полнеше гостинскиот гол. Кај гостите најдобри беа Чантурија со 9 и Шалевски со 8 постигнати гола.

Сѐ на сѐ, видовме добар натпревар, кој ја задоволи многубројната публика.

РК Металург јуниор – РК Зомимак М 27:32 (11:17)

РК Металург јуниор: Кимевски, Даниловски, Борј. Маџовски 2, Гинов, Пешевски 4, Нелоски 3, И. Крстевски 3, Манасков 6, Матијашиќ, Велковски, Маркудов, Палевски, Талески 7, Бој. Маџовски 2 и Давитковски. Седмерци: 8/8. Исклучување: 0 минути.

Фотогалерија:

Прочитано 1.186 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 2 =