МЕТАЛУРГ ЈУНИОР Е ПОБЕДНИК НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР „СКОПЈЕ 2012“

09.09.2012 18:17
DSC_0196_resize

Заврши меѓународниот младински турнир „Скопје 2012“. Победничкиот пехар ќе ги краси витрините на Металург јуниор, кој во претходните три дена ги совлада сите свои противници.

Денеска е победена екипата на Заечар (Србија), со резултат 29:18 (16:7). Освен противничкото воведно водство од 0:1 и две израмнувања на самиот почеток, преостанатиот дел од средбата помина во знакот на Металург јуниор. Резултатот на полувремето беше 16:7, а на крајот 29:18.

РК Металург јуниор – РК Заечар 29:18 (16:7)

РК Металург јуниор: Кимевски, Алушовски, Пешевски, Талевски 5, Маркудов, Манасков 1, Бој. Маџовски 4, Борј. Маџовски 4, Нелоски 3, И. Крстевски, Г. Крстевски 5, Давитковски 3, Гинов 1, Матијашиќ 2, Стојановски 1 и Бошковски Седмерци: 2/4. Исклучувања: 6 минути.

РК Заечар: Микиќ, Ивковиќ, Итиќ 3, Божиновиќ 2, Чириќ 10, Миленковиќ, Стојковиќ 1, Жикиќ 2, Меркл, Цековиќ, Стевановиќ, Томиќ, Стоијковиќ, Илиќ и Живановиќ. Седмерци: 6/7. Исклучувања: 6 минути.

Пласман:

  1. РК Металург јуниор
  2. РК Преспа
  3. РК Заечар
  4. РК Работнички

За најдобар играч на турнирот е прогласен Александар Чириќ од екипата на Заечар.

За најдобар голман е прогласен Огнен Трајковски од тимот на Работнички.

Фото:

Прочитано 599 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 − = 0