МЕТАЛУРГ ЈУНИОР Е ПОРАЗЕН ВО СТРУМИЦА

15.05.2014 21:24
DSC_0269_resize

za tekst

Металург Јуниор ја загуби и својата деветта средба во плејофот на македонското првенство. Загубивме во Струмица од екипата на Зомимак М, со резултат 34:28 (21:12). Јуниор одигра лошо прво полувреме, кое го загубивме со девет гола разлика.

Во второто полувреме нашите ракометари одиграа многу подобро, а особено се истакна Мартин Манасков, стрелец на девет гола. Овој дел од средбата ни припадна нам, со резултат 16:13. Поради отсуство на низа ракометари, Металург Јуниор на оваа средба настапи со само 12 играчи.

Тек на резултатот: 0:1, 4:1, 6:5, 10:6, 16:9, 21:12 – 22:15, 24:18, 28:24, 31:25, 32:27, 34:28

Зомимак М – Металург Јуниор  34:28 (21:12)

Металург Јуниор: Кимевски, Даниловски, Бошковски 2, Костески 4, И.Крстевски 2, Манасков 9, Велковски 3, Маркудов, Ставридис, Талески 5, Матијашиќ 2 и Бој.Маџовски 1.     Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.221 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 3 =