МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГИ НАГОСТИ ГЕРМАНЦИТЕ

03.05.2013 01:56
DSC_0265_resize

za tekst

Во меѓународен пријателски натпревар, екипата на Металург Јуниор го совлада тимот на ТСВ Вејсач, третопласираната екипа од Крајслига Б, со резултат 37:23 (21:9). Екипата на ТСВ Вејсач доаѓа од предградието на Штутгарт, покраина Баден-Виртемберг (Германија).

Металург Јуниор натпреварот го доби на самиот почеток, кога поведе со 6:0. Својот прв гол гостите го постигнаа во 6. минута. Доминацијата на Металург резултираше со огромната предност на нашиот тим, кој во 25. минута водеше со 19:9, а во 30. минута и со 21:10.

Второто полувреме помина во многу поизрамнета борба, а заврши со резултат 16:13.

За жал, на натпреварот не е воден записник и не можеме да ги соопштиме имињата на стрелците.

РК Металург Јуниор – ТСВ Вејсач  37:23 (21:10)

DSC_0260_resize_resize

DSC_0147_resize_resize

DSC_0139_resize_resize

Прочитано 966 пати

(1) Коментар

  1. Вајзах е правилното име ,не Вејсач!

Напишете коментар


9 + 1 =