МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО ДЕКЛАСИРА ТИМОТ НА ОВЧЕ ПОЛЕ

15.03.2014 22:07
DSC_0135_resize

za tekst

Металург Јунор го декласира тимот на Овче Поле и е на само два бода од сигурен пласман во плеј-офот на македонското првенство. Јуниор извојува висока победа со резултат 33:18 (10:9).

Во текот на целата средба бевме подобриот партнер и сосема заслужено се враќаме со три нови бода.

Во првото полувреме се водеше рамноправне борба, но Металург Јуниор беше тимот што го контролираше резултатот. Средбата се реши во вториот дел, кога со брзи контри на нашите млади ракометари целосно го разбивме искусниот домашен состав. Особено се истакна Костески, кој за само едно полувреме успеа да постигне 11 гола, најчесто преку брзи контри. Свој ден имаа и нашите голмани, кои собраа вкупно 23 одбрани, а младиот Даниловски успеа да постигне и еден гол. Одличен ефект имаше Мартин Манасков, со 6 гола од 7 обиди.

РК Овче Поле – РК Металург Јуниор  18:23 (9:10)

РК Металург Јуниор: Кимевски (13 одбрани), Ивановски (1 одбрана), Даниловски (9 одбрани) 1, Манасков 6/7, Борј.Маџовски 1/2, Талески 4/8, Давитковски 2/4, Велковски, Ставридис, Костески 11/14, И.Крстевски 2/4, Матијашиќ 1/2, Палевски 3/6 и Бошковски 2/2.      Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 2 минути.      Технички грешки: 8.

Прочитано 1.590 пати

(3) Коментари

  1. A sto se sluci so Goran Krstevski kakva povreda zaraboti so Pelister dolgo ke otsustvuva ili.. ??

    • Се уште се вршат испитувања.

  2. Sekoja cest za ovie mladi momcinja.Sekako za pofalba e mladiot Nikola Danilovski koj bese odlicen na golot i moze da se kaze deka e glavniot vinovnik za golovite na Kostevski od kontra.

Напиши одговор на metalurg Откажи одговор


8 − = 0