МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО ДЕМОЛИРА СОСТАВОТ НА ОВЧЕ ПОЛЕ

29.05.2013 21:56
DSC_0049_resize

za tekst

Во својот последнен натпревар од плејаут натпреварувањето, Металург Јуниор катастрофално го порази тимот на Овче Поле, со резултат 43:24 (21:15).

Денешниот победник се знаеше веќе од 16. минута, кога Металург Јуниор поведе со 13:6, најмногу благодарејки на Крстевски, кој во овој период постигна шест гола, три повеќе од Манасков и од Бојан Маџовски. Кога, три минути подоцна, ја постигнавме најголемата предност во првиот дел од средбата, 15:6, помислевме дека противникот предвреме се предаде, но Петрушев (2), Милковски и Генев вратија со серија од 4:0, за 15:10. Полувремето заврши со резултат 21:15.

DSC_0100_resize_resize

Во вториот дел работите се променија на штета на нашиот противник. Веќе во 40. минута имавме +10, 29:19, во 43. минута + 14, 34:20, а на крајот и +19, 43:24. Во 56 минута поради ненамерен, но груб, фаул е исклучен нашиот Андреј Маркудов.

Металург Јуниор на крајот од плејаут-фазата е убедливо прв на табелата.

DSC_0018_resize_resize

РК Металург Јуниор – РК Овче Поле  43:24 (21:15)

РК Металург Јуниор: Ивановски, Даниловски, Гинов 4, Пешевски 6, Крстевски 7, Манасков 5, Матијашиќ 3, Велковски 1, Маркудов 1, Палевски 3, Талески 4, Бој.Маџовски 3, Давитковски 2, Стојановски 2, Борј.Маџовски 1 и Костески 1.      Седмерци: 2/3.       Исклучувања: 10 минути.   Црвен картон: Маркудов во 56 минута.

РК Овче Поле: Додески, Генев 6, Саздов, Милевски 1, Зафировски 2, Димевски, Јордев, Милковски 6, Монев, Петрушев 7, Јосифов 2, Иванов и Давчев.     Седмерци: 0/4.      Исклучувања: 2 минути.

DSC_0070_resize_resize

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Начевски Ристо од Скопје.

DSC_0061_resize_resize

DSC_0107_resize_resize

Прочитано 1.022 пати

(1) Коментар

  1. daleku od nameren faul bese 4 pati so ista namera udiranje po kolenoto :)

Напишете коментар


8 − = 1