МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО НАДИГРА ПЕЛИСТЕР

08.03.2014 19:41
DSC_0095_resize

za tekst

За само неколку дена видовме две различни изданија на Металург Јуниор. В четврток доживеавме висок пораз од екипата на Зомимак М, но затоа, пак, денеска целосно го надигравме тимот на Пелистер. Доминантна беше екипата на Металург Јуниор во текот на целата средба. Поведовме со резултат 5:0, првиот гол го примивме дури во 9. минута од натпреварот, а единствениот успех на битолчаните се двете израмнивања, при крајот на средбата, 16:16 и 17:17.  Неверојатно добро го бранеа својот гол ракометарите на Металург Јуниор, кои забележаа дури седум блокади, а, денес фантастичниот, Кимевски ги откажа напаѓачите на Пелистер со 17 одбранети удари. Главниот егзекутор во нашиот напад, Филип Талески, буквално го изрешета противничкиот гол, со девет постигнати гола. Се на се, одличен резултат на нашите млади ракометари, кои се чекор поблиску до зацртаната цел – пласман во плејоф-фазата на првенството на Македонија.

РК Металург Јуниор – Пелистер 08  23:20 (12:11)

РК Металург Јуниор: Кимевски (16 одбрани + седмерец), Ивановски, Даниловски, Борј. Маџовски, Костески 2, И.Крстевски, Манасков, Велковски 2, Маркудов, Ставридис, Талески 9, Давитковски 3, Матијашиќ 3, Г.Крстевски 3 и Палевски 1.     Седмерци: 0/2.        Исклучувања: 4 минути.

Пелистер 08: Талевски, Јанев 1, Дрогришки, Блажески 1, Димитровски 3, Јуравлиов 7, Илиевски, Вешоски 1, Филиќ, Вукичевиќ 3, Георгиевски 3, Кузмановски, Вакарук, Чурлевски 1, Божиновски и Бесараб.      Седмерци: 3/4.      Исклучувања: 2 минути.

Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје.

Делегат: Наумовски Русе од Скопје.

DSC_0041_resize

Прочитано 2.264 пати

(2) Коментари

  1. Bravo momcinja, samo napred.

  2. Sekoja cest momci,no mora da priznaeme deka bitna uloga vo pobedata nad Pelister imase Martin Velkovski koj ne igrase pred nekolku dena protiv Zomimak.

Напишете коментар


− 3 = 5