МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО ПРЕБРОДИ ТЕКСТИЛЕЦ

13.10.2012 21:19
286160_482476748449849_1923334003_o_resize

Последната од трите денешни средби во „Автокоманда“ ни донесе и трета радост. По победите на ЖРК Металург и на Металург Скопје, видовме и триумф на нашите надежи во машка конкуренција. Совладан е квалитетниот тим на Текстилец, со резултат 26:23 (16:12).

Во поголемиот дел од првото полувреме гледавме израмнета борба, во која двете екипи се менуваа во водство. Гостите беа исклучително мотивирани, додека нашите момчиња се обидуваа да го скршат противничкиот отпор. Дури во последната третина од првото полувреме успеавме да се одлепиме и да го завршиме овој дел со предност од четири гола.

Во второто полувреме се водеше целосно рамноправна борба, во која успеавме да го зачуваме стекнатото од првиот дел. Освоивме исклучително важни бодови. Веќе станува навика за најдобар ракометар да го прогласиме младиот Талески, кој денеска постигна 6 гола.

РК Металург Јуниор – РК Текстилец   26:23 (16:12)

РК Металург Јуниор: Блажевски, Даниловски, Бошковски 1, Гинов, Пешевски 2, Нелоски 5, И.Крстевски 4, Матијашиќ 2, Велковски 1, Маркудов, Талевски 6, Бој.Маџовски 1, Давитковски 1, Стојановски, Г.Крстевски 1 и Борј.Маџовски 2.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 6 минути.

РК Текстилец: Атанасов, Сенев 1, Мицев 1, Наков, Пенев 1, Поповски 1, Савев 6, Пешовски 1, Јовановски 1, Зафиров, Попов 8, Паневски, Бошковски и Сарашов 3.        Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Галерија:

Делегат: Неделковски Неделко од Скопје.

Прочитано 797 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 4