МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГО “ПРЕПЛИВА“ ОХРИД

10.11.2013 21:32
DSC_0199_resize

za tekst

Металург Јуниор извојува важна победа против тимот на Охрид 2011, во рамките на 9. коло од машката ВИП-суперлига.

Првите 17 минути поминаа во израмнета, на моменти и нервозна, игра, во која екипите постојано се менуваа во водство. Токму во тој период, од 17 до 19 минута, Металург Јуниор го направи пресвртот во резултатот и за првпат поведе со два гола разлика, 11:9. Од тој момент, па, се до крајот на средбата нашите ракометари имаа водство, кое постепено го зголемуваа. Полувремето заврши со резултат 16:11.

Во вториот дел Јуниор целосно го надигра противникот. Одлично игравме во одбрана, а уште подобро во нападот, при што буквално го опседнавме противничкиот гол. Брзите Палевски и Костески го излудеа противникот со молненосните контранапади. Разликата набрзо порасна на +7, во 32. минута, па, на +9, во 38. минута, се до максималните +17, во 59. минута. Конечниот резултат од средбата е 38:22.

Најдобри во нашиот тим беа Костески (8), Талески (7) и Палевски (6). Кај противникот, по шест гола постигнаа Б.Белевски и Трифуновски.

Металург Јуниор – Охрид 2011  38:22 (16:11)

Металург Јуниор: Кимевски (7 одбрани), Блажевски (4 одбрани), Ивановски, Костески 8, И.Крстевски 3, Манасков 3, Маџовски 1, Бешлиевски, Матијашиќ 1, Давитковски 1, Талески 7, Бошковски 3, Маркудов, Ставридис 1, Велковски 4 и Палевски 6.       Седмерци: 4/5.      Исклучувања: 6 минути.

Охрид 2011: Пецаков, Ангелкоски, Томовски 2, Андоновски, Б.Белевски 6, Мирков 1, Николовски, Трифуновски 6, Тасевски, Поп-Стефанија 2, Китески, Соколов 2, Крстески, Костески и В.Белевски 3.     Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 12 минути.       Црвен картон: Б.Белевски во 54 минута, 3х2 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Прочитано 1.336 пати

(2) Коментари

  1. zasto ne branese Ivanovski?

Напишете коментар


− 5 = 2